Северниот Пол е 20 степени потопoл отколку што треба да биде во моментов

Истражувачите пријавуваат досега невидени 20 степени Целзиусови во близина на Северниот Пол.

Арктикот моментално е во средината на поларна ноќ, каде што Сонцето речиси не изгрева. Обично, ова е времето кога станува навистина студено и почнуваат да се формираат големи дебели ледени плочи за зимата.

Но, оваа година температурите се повисоки од вообичаено – додека временските станици околу Северниот Пол ја бележат најголемата разлика, дури и делови од Арктичка Русија имаат температура повисока за 7 степени Целзиусови.

И иако мразот на морето повторно се формира по постигнувањето на годишната ниска температура во септември, тоа се одвива многу побавно од вообичаеното.

Всушност, досега износот на покриеност со мраз е дури и понизок од рекордно ниското ниво во 2012-тата година.

temperaturearctic

Многу други региони од Арктикот и под-Арктикот во Русија, Алјаска и Северозападна Канада се најмалку 3 степени Целзиусови над просекот.

Ова е втора година по ред кога температурите во близина на Северниот Пол се невообичаено високи. На крајот на 2015-тата година, температурата на Арктикот достигна речиси до точка на топење бидејќи голема бура донесе топол воздух во регионот.

Па, што ја предизвикува оваа необична варијација?

Џенифер Френсис, специјалист за Арктикот од Универзитетот Рутгерс изјави за „The Washington Post“ дека тоа е поврзано со климатските промени ширум светот – минатата недела СМО изјави дека 2016-та година најверојатно ќе биде најтоплата година во историјата.

Метеорологот Ричард Џејмс следи 19 метеоролошки станици околу Арктичкиот Океан во текот на последниве месеци, и покажа дека областа е преплавена со топол воздух од октомври.

„Досега, најниската дневна температура оваа сезона е -5,6 степени Целзиусови, што покажува маркатно отсуство на студ. Најслична година во минатото беше 1998, кога најстудениот ден во средината на ноември беше со температура од -9,5 степени Целзиусови“-вели тој.

imrs

Се’ уште не е јасно како овој невиден модел на времето ќе влијае на локалната флора и фауна, како и поларните мечки кои во текот на ова време се спуштаат на Арктикот за да ловат на мразот, што може да биде катастрофално доколку тој не е доволно цврст.

Исто така останува да се види дали ова топло Арктичко време ќе влијае на поларниот вортекс што обично се спушта над поларниот регион во текот на зимата.

Истражувачите ќе продолжат внимателно да ја следат оваа состојба. Да се надеваме дека набрзо Арктикот ќе добие студени денови, во спротивно ќе влеземе во уште една рекордна ера на климатски промени.

Поддржете ја нашата работа: