Шпанскиот јазик е најсреќниот јазик на светот!

Шпанскиот јазик е најсреќниот јазик на светот. Барем тоа е ставот на научниците од Универзитетот во Вермонт, кои велат дека промовира радост и социјална кохезија.

Научниците издвоиле 100 илјади зборови кои најчесто се користат на телевизија, на интернет, во книгите, во насловите на филмовите, во текстовите на песните и слично, од 10-те најпопуларни јазици во светот и тоа: шпански, кинески, англиски, француски, германски, португалски, арапски, индонезиски, корејски и руски.

Потоа 5 милиони лица, чиј мајчин јазик бил некој од понудените, ги рангирале најпопуларните зборови како позитивни или негативни, на скала од 9 поени (1-најнегативен и најтажен, 5- неутрален, 9-најсреќен).

25A2D8E100000578-2952082-Once_all_of_these_words_were_plotted_the_researchers_found_that_-a-9_1423822895092Ова истражување покажало дека луѓето ги преферираат позитивните зборови, во однос на оние со негативна конотација, но сепак некои јазици звучат посреќно од останатите.

Така, шпанскиот јазик се покажал како најсреќен, со бразилскиот, португалскиот, англискиот и индонезискиот јазик по него, како првите пет најсреќни јазици на светот, додека кинескиот се наоѓал на последното место.

Научниците велат дека ова е само почеток кој може да го отвори патот за развој на моќни алатки за мерење на емоциите кои ќе се засноваат на јазикот. Истражувањето е објавено во„Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Поддржете ја нашата работа: