Што ќе се случи ако се обидете да направите злато од урина?

Историјата на науката е полна со среќни околности кои довеле до неверојатни откритија. На повеќето им е познато дека пеницилинот е откриен случајно во 1928 година, кога неколку спори од мувла паднале на засадени култури во петриева шоља во една лабораторија во Лондон.

Хенинг Бранд бил германски алхемичар во 1660-тите години. Во тоа време многу луѓе мислеле дека обичните метали можат да се претворат во благородни метали. Бранд пак сметал дека може да направи злато од човечка урина.

Два пати се женел за богати жени, а парите од сопругите ги искористил да направи лабораторија во неговиот подрум, додека неговиот посинок го поставил за асистент во лабораторијата. Потоа почнал да собира урина од луѓе. Откако успеал да собере повеќе од 5.000 литри урина се зафатил со работа – од неа да дестилира злато.

Целиот процес опфаќал многу варење, вриење и чекање. Но, на крај упорноста на Бранд се исплатела.

Секако, не направил злато од урината, но добил нешто сосема ново – бела супстанција, слична на восок, која светела во темница. Бранд го открил елементот фосфор.

Фосфорот се покажал како многу моќен елемент. Тој се користи за изработка на експлозив, како и во вештачките ѓубрива кои помагаат во одледувањето на растенијата.

Низ целата историја, ваквите љубопитни умови ги претвориле грешките, случајностите и изненадувањата – како откривањето на фосфорот, во важни научни сознанија.

Поддржете ја нашата работа: