Што мислите, како изгледа храната на иднината?

Месото без да се убие животно и малку „попаметниот“ зеленчук не се само утопија. Веќе со години разни истражувачи работат на тоа да произведат месо кое доаѓа од матични клетки на животни. Исто така од друга страна се работи и на нови начина на производство на зеленчук.

Еден од проблемите кои можат да се испречат на нашиот преживот на Земјата е секако растот на популацијата. Со самото тоа, се поголем број луѓе нужно бара и поголема површина за одгледување растителни култури и животни, што ги тера научниците да бараат иновативни решенија кои драстично ќе го променат начинот на кој ќе се произведува храната во иднина.

Memphis Meats е една од компаниите која се бави со производство на месо, а необична е е по тоа што работи без убивање на животни. Таа користи револуционерна метода за производство на месо од матични клетки на животни. На овој начин исто така може да регулираат колку месото ќе содржи масти, а месото сигурно им е од антибиотици, патогени и други штетни состојки, но со вкус на вистинско месо. Memphis Meats моментално произведува говедско, пилешко и свинско месо, а за пет години се очекува да котира високо на пазарот.

Со нова технологија исто така се менува производството на зеленчук. Постојат земјоделски фарми сместени во срцето на градот кои во своите фабрички хали знаат и можат да произведат 100 пати повеќе храна од другите класични фарми, а притоа да користат 95 проценти помалку вода и производство без пестициди. Зеленчукот таму се произведува под контролирани услови, 365 дена во годината, а сето тоа го надледуваат сензори кои го бележат секој детал на храната.

Вреди да се напомене и дека голем плус во производството е тоа што, како што е случајот на една компанија во Њу Јорк, каде свежа храна пристигнува за помалку од еден ден до својот купувач. Што мислите за ова? Спремни ли сте да јадете ваква храна?

Поддржете ја нашата работа: