Што мислите за генетски модифицирана банана со богата содржина на витамини?

Австралиските научници успеале да создадат банани кои се толку богати со провитамин-А што би можеле да бидат спас за стотици илјади деца кои умираат секоја година од недостаток од овој витамин.

Новите банани се создадени преку преземање на ген од еден посебен вид банани кои потекнуваат од Папуа Нова Гвинеја и кои се многу богати со провитамин –А.

Превземените гени научниците ги комбинирале со најраспространетата сорта банани во светот- кевендиш бананата.

Провитаминот-А во организмот се претвра во витамин –А.

bananas

Новата сорта банани е развивана во последните 10 години од страна на научниците од Технолошкиот универзитет во Квинсленд, а истражувањето е финансирано од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Внатрешниот дел на бананата има златно-портокалова боја, поради високото ниво на провитамин-А што го содржи.

„Со текот на годините успеавме да создадеме банани со високо ниво на провитамин-А, од каде потекнува и нивната златно-помаранџеата боја. Овие резултати ќе дадат голем придонес за обезбедување поквалитетна исхрана во  некои од најсиромашните земји во Африка. Нашата наука функционира. Се обидовме и тестиравме стотици различни генетски варијации во нашата лабораторија и на терен во Квинсленд додека ги добивме најдобрите резултати. Овие елитни гени се испратени во Уганда, во епрувети каде се уфрлени во тамошните сорти банани“вели водачот на истражувањето др. Џејмс Дејл.

Во следната фаза ќе се врши тестирање на терен во Уганда со цел да види дали ќе се постигнат истите резултати.

[socialpoll id=”2450702″]

Бананите се главен дел од храната во руралните делови од земјата, така што бананите богати со провитамин-А ќе помогне луѓето да ги задоволат прехрамбените потреби.

Се проценува дека до 750.000 деца умираат, а стотици илјади ослепуваат секоја година поради недостаток на витамин А.

Поддржете ја нашата работа: