Што му се случува на кучето во мозокот додека ве гледа?

Кучето е најдобар човечки пријател веќе 30.000 години, но со текот на времето, благодарение на технологијата се појавуваат студии за кои секој сопственик на куче треба да знае.

Со помош на методот на магнетна резонанца досега се испитувани кучиња со цел да се разбере како тие реагираат на изговорени зборови со различна интонација, на мирис и друго, но овој пат научниците од Универзитетот во Мексико се заинтересирале за емоционалната реакција на кучето додека го гледа човекот.

Севкупно, пет шкотски овчари, еден златен ретривер и еден лабрадор најпрво морале да поминат низ подготовка за пребарување, бидејќи во МР тунелот мора да се биде мирен и опуштен.

Покажани им се 50 фотографии од луѓе и 50 фотографии од објекти. Кога кучињата ги гледале фотографиите од луѓето, нивниот темпорален лобус покажувал активност.

Темпорален лобус е дел од мозокот, својствен за цицачите кој се занимава со преработка на визуелните стимулации на високо ниво.

journal.pone_.0149431.g001Научниците сметаат дека тој дел од кучешкиот мозок е сличен анатомски и функционално со човечкиот темпорален лобус, што значи дека кучињата користат исти патишта како човекот за обработка на лицата. Значајната активност, предизвикана од гледање во човечкото лице е исто така пронајдена во субкортикалните структури, за разлика од ситуацијата кога кучето гледа во фотографии од секојдневни објекти кога активноста во тој дел на мозокот изостанува.

Научниците веруваат дека кога кучето здогледа лице од човек, после објект, тоа го доживува како награда. Резултатите покажале дека кучињата реагираат на различни фацијални експресии кои сугерираат различни емоционални состојби на луѓето.

Не е необично, животните да ги толкуваат емоционалните состојби кај својот вид, но кучињата можат тоа да го прават и кај луѓето. Најверојатно голем придонес за тоа има долгогодишното дружење со човекот.

Поддржете ја нашата работа: