Што сè досега научивме за Плутон?

За време на оваа средба, собрани се повеќе од 1.200 слики и десетици гигабајти на податоци. Интензивното преземање на информациите започна на 5 септември и ќе продолжи уште околу една година. Со оглед на тоа дека ќе ги добиеме сите податоци во текот на следнава година, сè уште имаме уште многу да учиме за Плутон. Еве што знаеме досега:

Срцето на Плутон

 

Оваа слика „Нови Хоризонти“ ја направи околу 16 часа пред најмногу да се доближи до Плутон и ни покажа дека Плутон е комплексен свет со неверојатна геолошка разновидност.

Замрзнати рамнини

Огромните ледени рамнини на Плутон наликуваат на замрзнати пукнатини од кал. На некои места се чини како на површината да има полиња, што е најверојатно резултат на процесот познат како сублимација, кога мразот директно преминува од цврста во гасовита состојба.

Величествени планини

Овие хаотично распоредени планини само ја зголемуваат комплексноста на географијата на Плутон. Високи се до 3.350 метри.

Варијации на бои

Овој поглед на Плутон комбинира синоцрвени и инфрацрвени слики од „Нови Хоризонти“. Површината на џуџестата планета има извонреден спектар на суптилни варијации на бои. Разни форми имаат разни бои, што укажува на сложената геолошка и климатска приказна на планетата.

Замагленост и сина атмосфера

Сликите од „Нови Хоризонти“ покажуваат дека атмосферата на Плутон може да има повеќе слоеви отколку што научниците мислеа. Најновите податоци покажаа дека е сина.

Замрзната вода

„Нови Хоризонти“ забележал многубројни мали региони на замрзната вода. Научниците со нетрпение очекуваат да дознаат нешто повеќе за тоа.

Бидете во тек со новите податоци на страницата или на блогот на „Нови Хоризонти“.

Поддржете ја нашата работа: