Што се крие под мистериозната пирамида откриена на Антарктикот

Пирамида е назив за планината што ја открила британска експедиција на Антарктикот помеѓу 1910 и 1913 година. Тогаш научниците го сокриле ова од останатиот свет, така што ја нарекле Пирамида, а потоа тој назив го користеле во сите геолошки истражувања и при опис на тоа подрачје.

Тие геолози сметале дека се многу паметни, со овој двоен блеф, но не можеле ни да замислат дека 100 години подоцна, „правичните“ ќе го сфатат нивниот валкан трик и ќе откријат дека пирамидата е всушност – пирамида која веројатно ја направила некоја вонземска цивиизација. Или Атлантида. Можеби. Сигурно.

Сега, една друга планина повторно го придвижи тркалото на заверите. Таа може да се најде на координатите (79°58’39.25″S 81°57’32.21″W). И може да се погледне на гугл мапата преку следниов линк

„Структури во облик на пирамиди се наоѓаат на планинскиот венец Елсворт, кој е подолг од 400 километри, па не е чудно што карпестите врвови штрчат понекогаш на мразот. Јасно е дека тоа се врвовите од карпите, а чиста коинциденција е што овој врв има таков облик“- вели д-р. Мич Дарси, геолог од германскиот Центар за геонаучни истражувања во Потсдам.

„Тоа не е комлициран облик, така што и не е некоја посебна коинциденција. По дефиниција тоа е нунатак, односно едноставно врв на карпа кој штрчи над глечер или ледена површина. Иако овој врв има облик на пирамида, тоа не значи дека е човечка градба“.

И покрај тоа што сето тоа е многу мистериозно – и тоа само затоа што некој на интернет така рекол, планинските врвови во облик на пирамда се многу чести: класичен пример за ова се Матерхорн на Алпите и планината Буландстиндур (Bulandstindur) на Исланд.

А пред сѐ, буквално нема никаква предност да имате тајна база на Антарктикот. Ако тоа имаше смисла, досега владите во светот сериозно ќе се испокараа за тие ресурси.

За среќа, целиот Јужен Пол е богат со биолошка разновидност и научни можности и по сѐ изгледа уште долго така и ќе остане така.

Извор: „Nauka.co“.

Поддржете ја нашата работа: