Што се случува за време на абортус?

embryo

Абортусот е тема за која е тешко да се оддели факт од емоција. Тоа е особено точно за жените, повеќето од кои имаат своја приказна за бременоста, без разлика дали тоа е искуството на раѓање на бебе, страв од бременост или чувствата кои доаѓаат заедно со абортусот.

За оние од двете страни на дебатата, или оние кои се во средината, кои сакаат да знаат што се случува за време на еден абортус меѓутоа никогаш не можеле да ги погледнат медицинските слики од реалниот живот во целост, „AsapSCIENCE“ нуди објективен и чист поглед на тоа како се извршува абортусот, без предрасуди за или против самата постапка. Сепак едно предупредување за почувствителните гледачи, има цртежи и груби описи.

Центарот за контрола и превенција на болести проценува дека има околу 200 легални абортуси за секои 1.000 родени, поголемиот дел од нив извршени пред 3 месеци и кај жени во нивните 20-ти.

„AsapSCIENCE“ дискутира за различните методи со кои се врши абортус легално, вклучувајќи ја и оралната таблета која прави матката да се стега и испразни самата и медицинските процедури кои вклучуваат исцицување на фетусот или отстранување на друг начин . Исто така ни даваат и статистички податоци за абортусите изведени надвор од медицинските поставувања.

Погледнете го видеото подолу.

Поддржете ја нашата работа: