Што следи од „Apple“ и Тим Кук, по катастрофалната 2016-та

Одамна гигантот „Епл“ не доживеал така лоша година, каква што беше за него изминатата 2016-та.
Продажбата на „Ајфон 7“ претрпе огромен удар, пред се поради отстранувањето на отворот за слушалки, но и недостигот на иновативност, која ќе требаше да ја оправда причината за купување на овој уред.
Дополнително, продажбата на бежичните слушалки, „Ерподс“, кои ја предизвикаа целата лавина на реакции, задоцни цели 2 месеци и ја одмина сезоната на празници.
Како финален удар, дојдоа и негативните оценки за „Мекбук Про“ серијата, која иако наменета за професионалци, успеа да направи неколку почетнички грешки во дизајнот и во понудените карактеристики и иновации.
Деновиве, извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, е јавно обележан за овој неуспех и неговата плата е наводно намалена за 2 милиони долари.
Со сето ова, што може да се очекува и што предвидуваат експертите за годината која претстои пред „Епл“?

4Нови „Ајпад“-и

Се чини како вечност, откако „Епл“ има што и да е кажано во врска со „Ајпад“-ите. Иако имаме нов 9.7 инчен „Ајпад Про“ модел оваа пролет, останатите модели се веќе над 3 години стари.
Затоа, гласините се се’ појаки дека „Епл“ планира нови модели за напролет 2017-та. Претпоставките се малку поголеми екрани (10 инчи), а можна е комбинација со моливче.

3Скромни подобрувања на „Епл“ часовниците

Скапо научената лекција околу часовниците, го примора „Епл“ да го намали ентузијазмот за оваа технологија. Слабата продажба сигурно нема да донесе сосема нов производ оваа година, но може да очекуваме освежување на моделите со 4Г конекција за подобра синхронизација со вашиот „Ајфон“.

2Големо освежување на „Ајфон“

2017-та е годината која ќе одбележи децениско постоење на „Ајфон“-от и се насетува дека „Епл“ подготвува изненадување.

Се говори дека следниот модел би бил навистина големо освежување на гамата телефони, дизајнирани со целосно застаклена површина, без рабови, а можно е и заоблен дисплеј. Се подразбира бежичното полнење, отстранување на главното копче и најнов ОЛЕД екран.
Се појавија премногу гласини, за да не веруваме дека следат промени за „Ајфон“-от – уредот кој го издигна „Епл“ на самиот врв на технолошките компании.

1Уште една изгубена година за „Мек Про“

Новиот „Мек Про“ беше неодмана презентиран и секако не можеме да очекуваме драстични промени на тоа поле. Можеби некакви подобрувања околу батеријата, мали гаџети и сл.
Но, за жал ќе останат нелогичните адаптери и додатоци за единствениот влез во уредот.

Секако, „Епл“ е гигант кој работи на многу полиња и тимови кои иновираат на дневна база. Очекуваме многу повеќе од нив на полето на вештачката интелигенција, паметни уреди итн.