Што точно мислат научниците кога велат дека живееме во холограм?

Веќе со децении научниците ја истражуваат можноста дека нашиот универзум е, или некогаш бил гигантски холограм, во кој законите на физиката бараат само две димензии, иако на нас се ни делува тродимензионално.

На повеќето, можеби оваа теорија им делува премногу силно, но кога би била вистинита, таа всужност ќе реши некои доста тешки проблеми во физиката. Покрај тоа, последните истражувања дури и понудија некои неверојатни докази кои покажуваат како принципот на холограм работи и на стандардниот модел на Биг Бенг при објаснување на почетокот на Универзумот.

Принципот на холограмот, прв пат е предложен во деведесеттите, како обид да се обединат двата главни правци на модерната физика – квантната механика и општата релативност.

Погледнете го видеото кое ја објаснува главната идеја, сите податоци за обемот на вселената, можат да бидат кодирани во рамките на дводимензионалните граници на таа област.

Како пример може да послужи црна јама. Некои научници мислат дека информациите за сите предмети кои ќе паднат во црна јама, се всушност задржани, или кодирани на нејзината граница.

Доколку го примениме тој принцип на остатокот од Универзумот, сите информации ќе бидат кодирани во внатрешноста на дводимензионалниот простор, а изразени во три димензии.

Додека оваа хипотеза е очигледно тешка за да се докаже, во текот на последните 20 години, објавувани се преку 10 000 научни трудови на оваа тема.

Студијата која беше објавена во почетокот на оваа година тврдеше дека дури и ги пронашла првите директни набљудувачки докази дека Универзумот некогаш бил холограм, а истата се темелеше врз основа на космичката радијација, сјајот преостанат од Биг Бенг.

Можеби станува збор за хипотеза која не би смееле да ја земеме здраво за готово, а можеби и видеото погоре ќе ве наведе да поверувате?

 

Поддржете ја нашата работа: