Што значи името на пребарувачот „Bing“ на Мајкрософт на кинески?

Мајкрософт го лансираше својот пребарувач „Bing“ во 2009 година кој доживеа голем успех и од ноември 2015 година е вториот најголем пребарувач во Америка, веднаш после „Google“.

Необичното име предизвика заинтересираност и многубројни коментари на интернет, особено по неговото лансирање во Кина поради неговиот превод, односно значење на кинески јазик.

Кинескиот јазик, како јазик заснован на знаци, очигледно е малку потежок за преведување. Иако можеби ве асоцира на карактеристичното кинеско лепче, „Bing“ на кинески има повеќе значења, меѓу кои мраз, војник и палачинка, но она што предизвика најголема знаинтересираност е тоа што значи и болест. Токму поради ова, Мајкрософт преферира својата кинеска версија на пребарувачот да ја нарекува „biying“, што во превод значи „одговор“.

Мајкрософт е веќе познат по својот интересен избор на имиња, меѓу кои е и името на претходникот на Bing – пребарувачот „Live“, кој спелуван наназад е „Evil“, што во превод значи злобен.

Поддржете ја нашата работа: