Симптомите на депресија се препознатливи веќе на 14 годишна возраст

Заклучоците на новата студија предводена од експерти од Универзитетот во Ливерпул и Лондон велат дека 24 отсто од девојчињата и 9 отсто од момчињата на 14 годишна возраст се депресивни. Тоа е некоја старосна граница на која почнуваат менталните проблеми, што алармира за важноста од рана поддршка и превенција.

“Оваа студија ни ја дава најкомплетната евиденција за степенот на менталното здравје кај децата во Обединетото Кралство”, вели Ана Фјухтванг, извршен директор на Националниот одбор за деца. “Со четвртина од четиринаесетгодишниците кои покажуваат знаци на депресија, јасно е дека овој проблем достигнува критична точка”.

Некои експерти велат дека социјалните мрежи играат важна улога во создавањето притисок кај многу девојки во текот на адолесценцијата. “Знаеме дека тинејџерите се соочуваат со многу притисоци, вклучително и стресот на училиште, проблемите со физичкиот изглед, и социјалните притисоци”, вели Марк Буш, главен политички советник во хуманитарната организација “Young Minds”.

Уште едно изненадувачко откритие претставува голема разлика помеѓу родителските извештаи за децата и изјавите на самите деца. Имено, родителите препознале симптоми на депресија во само 18% случаеви кај девојчињата и во 12% кај момчињата.

“Важно е и децата и нивните родители да ја препознаат депресијата на време со цел да се зголемат шансите за рано откривање и лекување”, вели Фјухтванг.

Освен бројот на Х хромозоми, научниците забележале уште два други фактори кои имаат значење во зголемувањето на можноста за симптоми на депресија, а тоа се етничката припадност и семејниот приход.

Исто така е откриено дека девојчињата од семејства со повисок приход имаат помала веројатност за депресија отколку своите врсници од семејства со понизок приход. Тој тренд го менуваат девојчињата кои доаѓаат од најсиромашни семејства, или 20% од семејствата кои пријавиле помалку симптоми на депресија за разлика од девојчињата кои доаѓаат од побогати семејства.

Во двата случаеви не е јасно дали постојат значајни разлики во стапката на депресија помеѓу различните групи или е поголема веројатноста , припадниците на одредена група ќе пријават депресија, за разлика од друга.

Овие информации се дел од студијата “Millenium Cohort Study” која го следи животот на повеќе од 19 000 деца во Велика Британија. Следено е нивното ментално здравје од нивната 3та година.

 

Поддржете ја нашата работа: