Сирењето сепак нема лошо влијание врз кардиоваскуларниот систем

Многу лица кои имаат проблеми со срцеви болести се советувани да избегнуваат храна која е богата со заситени масни киселини, бидејќи се верува дека таа го зголемува нивото на лошиот холестерол кој се манифестира во артериите и го ограничува нормалниот проток на крв.

Меѓутоа, научниците дошле до нови сознанија дека дневната потрошувачка на оваа популарна храна е всушност целосно сигурна за нашето здравје.

Научниците од Универзитетскиот колеџ во Даблин го проучувале влијанието на млечните производи кај 1500 испитаници, на возраст од 18 до 90 години, кои подлегнале на разни тестирања со цел да се доловат ефектите од таквот вид на храна врз нивното здравје.

Научниците дошле до заклучок дека конзумирањето на сирење не е поврзано со зголемените маснотии, а ни со зголемен ЛДЛ холестерол, бидејќи добиените вредности не се разликувале од вредностите измерени кај лица кои не внесуваат храна богата со заситени масни киселини. Студијата е објавена во списанието Nutrition and Diabetes.

Според ова истражување, внесот на сирење е целосно сигурен, па дури има и поволен ефект на нашето здравје, бидејќи научниците исто така откриле дека со зголемен внес на млечни производи во нашиот организам, го намалуваме индексот на телесна маса и крвниот притисок.

Поддржете ја нашата работа: