Сивиот волк – симбол на дивината и предок на нашите домашни кучиња

 

Волците се најголемите членови на фамилијата кучиња. Прилагодливите сиви волци се најчестите и некогаш се протегале на цела северна хемисфера. Но луѓето и волците имаат долга контрадикторна историја. Иако тие речиси никогаш не ги напаѓаат луѓето, волците се сметаат за најстрашните негативци во светот на животните. Тие напаѓаат домашни животни, и поради тоа голем број на волци се застрелани, заробени и отруени.

Многу малку волци живеат во Европа, додека пак во Алјаска, Северна Америка, Канада и Азија ги има во голем број.

Волците живеат и ловат во група од 6 до 10 животни. Познати се по тоа што се движат на големи далечини, можеби по 20 км на ден, а можат да трчаат со брзина до 65 километри на час.

Како и другите диви животни, волците се потпираат на своите сетила, кои ги користат за да ловат и меѓусебно да комуницираат. Тие можат да слушнат друг волк како завива на оддалеченост од најмалку 5 до 6 километри, а нивното сетило за мирис е 100 пати поизострено од човечкото.

Вообичаено име: Сив волк

Научно име: „Canis lupus“

Тип: Цицач

Исхрана: Месојад

Име на група: Глутница

Просечен животен век во дивината: 6 – 8 години

Големина: глава и тело 92 до 160 см, опаш 33 до 50 см

Тежина: 18 до 80 кг.

wolf_1

Волците се легендарни поради нивното завивање од кое не полазуваат морници, кое тие го користат за да комуницираат. Осамен волк може да завива за да го привлече вниманието на неговата глутница, додека пак заедничките завивања може да испраќаат територијални пораки од една глутница на друга. Некои завивања пак се конфронтирачки. Исто како и лаењето кај домашните кучиња, и волците може да започнат за завиваат само поради тоа што друг волк во близина веќе завива.

Овие животни соработуваат при ловење на пленот, односно големите животни како што се елените и лосовите. Кога нивниот лов е успешен, тие не јадат во умерени количини. Еден волк може да изеде и до 9 кг. месо наеднаш, но исто така може да издржи и до 14 дена без никаква храна. Волците исто така јадат и помали цицачи, птици, риби, гуштери, змии и овошје.

Глутниците на волците со во согласност на строга хиерархија, со доминантен мажјак на врвот и неговата партнерка позади него. Обично овој мажјак и оваа женка се единствените во глутницата кои се размножуваат, додека сите волци се грижат за младите и носат храна за нив.

Нивните мали се раѓаат слепи и глуви, а почнуваат да гледаат по 9 или 12 дена. Многу брзо растат па нивната тежина се зголемува речи 30 пати во првите четири месеци.

howling-wolf

Се’ уште не се сметаат за загрозен вид и се’ уште не се изложени на ризик од истребување, но сепак нивната локална популација е загрозена. Покрај тоа што се популарни за лов, се повеќе добиваат и популарност како домашни миленичиња.

Научниците препорачуваат да се ограничи нивниот лов и да не се оштетува нивното живеалиште, со цел да се заштити нивната иднина.

За крај, еден интересен податок кој ни ја докажува нивната убавина и значајност. Откако последниот волк бил убиен во националниот парк „Yellowstone“ во 1926 година, научниците спровеле програма за нивно повторно враќање. Тие брзо се размножиле при што од корен го промениле националниот парк и само ја потврдиле неверојатната моќ на природата.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк: Неверојатниот начин на кој природата функционира

Поддржете ја нашата работа: