Сладолед кој не се топи

Клучна состојка е природниот протеин познат како „BsIA“ кој ги врзува компонентите во сладоледот – воздухот, мастите и водата, за да го направи отпорен на топење. Научниците откриле начин како да го произведуваат овој протеин, кој инаку природно се јавува кај некои прехранбени производи, во пријателските бактерии.

Ова би можело да биде особено корисно за производителите на сладолед, бидејќи ќе се намали потребата за длабоко замрзнување.

Експертите проценуваат дека ваквиот сладолед би бил достапен за 3 до 5 години.

Поддржете ја нашата работа: