Слета мистериозното вселенско летало по 718 дена

Експерименталниот вселенски авион на американските воздухопловни сили,X-37B орбиталното тест возило, слета по рекордни 718 денови во орбитата, но воените претставници и натаму молчат за деталите на операцијата.

X-37B OTV-4 слета на Кенеди вселенскиот центар за слетување на НАСА, кој не се користел уште од укинувањето на програмата Спејс шатл во 2011 година.

Вселенското возило без екипаж на соларен погон, кое изгледа како минијатурен спејс шатл без прозор, го објави својот четврти X-37B лет откако воздухопловната сила го наследи дизајнот од НАСА и DARPA уште во 2006та година.

Почнувајќи од 2010та година, воздухопловните сили на САД лансираа повеќе тајни орбитални мисии со X-37B, од кои секоја следна траеше повеќе од претходната.

Иако официјалното максимално траење на летот е 270 дена, воздухопловните сили секоја година се повеќе ја надминуваат оваа граница.

Официјално, главните цели на X-37B се повеќекратна употреблива вселенска технологија за иднината на Америка во вселената и изведување на експерименти кои можат да се вратат на Земјата за натамошни истражувања.

Повеќе од тоа не е откриено, но доведе до шпекулации дека војската испитува ЕМ погон во вселената, хипотетички оперативен систем без гориво кој го проучува НАСА, а Кина тврди дека веќе се тестира.

Другите претпоставки укажуваат дека американските воздухопловни сили го користат X-37B за тестирање на оружје или операции за орбитална контрола, иако уште од 2010та година тие негираат дека програмата има некакви офанзивни својства.

“Програмата поддржува технологија за намалување на ризик, експериментирање и развој на оперативни концепти”, вели портпаролот.


На никому не му е јасно што точно правело ова таинствено летало во орбитата скоро две години, но сигурно шпекулациите нема да престанат ни сега кога леталото конечно слета.

Следното летало, X-37B OTV-5, би требало да биде лансирано кон крајот на оваа година.

Поддржете ја нашата работа: