Сода бикарбона за отстранување на пестициди од овошјето и зеленчукот

Хемиското име за сода бикарбона е натриум хидроген карбонат. Таа има многу разновидна примена. Се употребува во кујната, за нега на кожата, па дури и за лекување на одредени здравствени проблеми. Не е скапа, а нејзината ефективност е докажана во многу студии. Во овој случај, содата се покажала доста ефективна при отстранување на штетните пестициди од овошјето и зеленчукот.

Во истражувањето, спроведено од страна на научниците од Универзитетот Масачусетс, е докажано дека содата отстранува дури 96% од пестицидите од храната во рок од 15 минути. Кога ќе се измеша со вода се добива паста. Доколку пастата се нанесе на кората од јаболко, таа ќе ги елиминира остатоците од скоро сите пестициди кои обично се употребуваат како заштита за овошјето и зеленчукот.

Главниот автор на студијата, Д-р. Лили Хе вели: “Остатоците од пестициди кои остануваат на производите стигнуваат до нашиот организам со конзумирање. Бидејќи тоа е опасно, потребно е да се пронајдат начини за нивно намалување или евентуално комплетно отстранување”.

Во ова истражување научниците употребувале вообичаени пестициди на тиабендазол кои продираат во кората на јаболкото. Со нив го третирале овошјето и го оставиле да отстои 24 часа. Потоа неколку јаболка ги миеле под вода од чешма, а неколку со паста направена од сода бикарбона и малку вода.

Со помош на најнова технологија го мереле нивото на присуство на пестициди по површината и внатрешноста на овошјето. Добиените резултати покажале дека содата била најефикасна бидејќи отстранила 96 отсто од пестицидите.

Содата ги отстранува пестицидите поради својата висока алкалност, која ги раздвојува хемиските соединенија на помали и безопасни молекули. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Journal of Agricultural Food Chemistry.

 

Поддржете ја нашата работа: