Сте слушнале ли за наопачки молњи?

Многу од нас сакаат да гледаат во блесокот на небото, наречен молња (секавица, молскавица) за време на врнежи и бури. Но добар дел од молњите никогаш нема да ги видите.

Молњите се моќен ненадеен тек на електрична искра (електростатично празнење) придружено со татнеж или гром кои се слушаат за време на бурата. Празнењето се движи низ електрично наелектризирани области во самите кумулонимбуси, или од еден облак до друг облак, или меѓу облак и површината на Земјата.

Во 2001ва година, научниците кои го набљудувале небото со помош на камери за ниско ниво на осветленост од опсерваторијата Аресибо во Порторико, забележале нешто помалку чудно – молња која експлодирала на врвот на облакот и потоа се упатила кон универзумот, пишува Popular Science.

Патот на молњата за научниците бил сосема збунувачки бидејќи наелектризираните области во атмосферата се ослободуваат од полнежот преку молњите или електричните празнења и се движат кон Земјата, често нарекувани удар на гром доколку погоди некој предмет или живо суштество на површината.

Но, често електроните се случува да останат во внатрешноста на облакот, да патуваат кон долниот дел кој е позитивно наелектризиран и таму да се уништат. Освен кога нема да се уништат.

Климатолозите мислат дека во случај на невообичаени силни ветрови, позитивно наелектризираните честички се аспирираат од врвот на облакот, поради што молњата успева да се пробие нагоре кон универзумот. Еднаш кога ќе се ослободи, оваа наопачка молња патува се додека не наиде на најблискиот објект исполнет со протони, а тоа е јоносферата, која се наоѓа практично на работ од вселената, на височина од 80 км.

Научниците најчесто забележуваат гигантски наопачки молњи во тропските предели, веројатно затоа што има повеќе бури со посилни ветрови.


Поддржете ја нашата работа: