Сте слушнале ли за парестезија?

Парестезијата е вообичаено безболна, но предизвикува збунетост и страв.

Состојбата кога се будите во текот на ноќта и чувствувате прво парализираност, а потоа трнење во некој од екстремитетите е наречена парестезија. Кога ова се случува на раката или на друг дел од телото во текот на ноќта додека спиете често се вели дека екстремитетот „заспал“.

Парестезијата е вообичаено безболна, но во предизвикува збунетост и страв бидејќи најпрво се чувствува парализираност, а потоа со отпуштањето на притисокот, трнење или вкочанетост во рацете или нозете.

Кои се причините за појава на парестезија?

Причина за појава на парестезија во текот на ноќта може да биде несвесно легнување на едната рака или нога. Ова спречува крвта да тече правилно кон нервите со што се чувствува парализираност во екстремитетот. Лошото позиционирање на екстремитетите, исто така, може да доведе до директно притискање на некој нерв, а бидејќи нервите реагираат на недостаток на проток на крв или притисок, тие предизвикуваат моментално трнење. Доколку се разбудите со ова чувство, полека ослободете го притисокот за вашиот ектремитет да се „разбуди“ и трнењето да престане.

Хронична парестезија

Хроничната парестезија може да биде знак за скриен здравствен проблем. Можни проблеми со здравјето што можат да предизвикаат појава на хронична парестезија се недостаток на витамин Б, задржување на течности во телото, карпал тунел синдром и периферна невропатија.

Недостаток на витамин Б

Постојат многу видови на витамин Б и сите тие помагаат да се одржи здравјето на клетките. Иако многу луѓе добиваат доволно Б витамини преку секојдневната исхрана, кај некои се случува да треба да земаат додатоци за да ги исполнат препорачаните дневни износи на витаминот.

Кога не се внесува доволно витамин Б, може да се развие парестезија. Ова е најчесто се случува кај:
  • постари возрасни лица;
  • вегани;
  • луѓе кои претерано пијат алкохол;
  • луѓе со пернициозна анемија.

Задржување на течности во телото

Задржувањето на течностите во телото може да биде предизвикано од повеќе фактори, меѓу кои се преголема консумација на сол и флуктуирачки нивоа на хормоните за време на менструација. Ова може да предизвика отекување на делови од телото кое може да ја наруши циркулацијата и да предизвика парестезија.

Карпал тунел синдром

Доколку вкочанетоста или трнењето влијае и врз некоја од дланките, парестезијата може да биде предизвикана од карпал тунел синдромот. Ова се случува кога средниот нерв е компресиран или оштетен. Вообичаено, повторливи дејствија како што се пишување на тастатура или работа со машини, може да поттикнат развивање на карпал тунел синдромот.

Периферна невропатија

Ако имате дијабетес и редовно се соочувате со парестезија, тоа може да биде предизвикано од оштетување на нервите. Оваа состојба се нарекува периферна невропатија и е предизвикана од постојано високо ниво на шеќер во крвта.

Третман на парестезија

Доколку парестезијата се случува ретко тоа е најверојатно заради лошо позиционирање на телото. Во овој случај репозиционирањето помага во ослободување на притисокот врз нервите и со тоа во ослободувањето од вкочанетоста и трнењето што се појавуваат.

Доколку, пак, парестезијата се случува често и станува хронична таа би можела да биде знак за некоја скриена здравствена состојба. Во овој случај посоветувајте се со стручно со кое ќе ја одредите причината за вашата парестезија за да може да започнете со соодветен третман.

Извор: Pharma News

Поддржете ја нашата работа: