Сте сретнале ли некогаш виолетова бубачка?

Толку многу природни чуда, големи и мали, се засолнети во далечните краеви на светот. Да ја земеме за пример оваа исклучително симпатична виолетова бубачка, која штотуку се среќава на мравка. Фотографијата е направена од страна на Андреас Кеј, фотограф кој исто така направил видео запис кој може да го погледнете погоре.

“Оваа симпатична мала бубачка ја најдов во дождовната шума на Амазон во Еквадор, која е долга околу 6 мм и се чини дека му припаѓа на родот Chlamisus од семејството Chrysomelidae, Cryptocephalinae. Виолетовата е ретка боја која се појавува во природата. Ова е пример за огромното богатство и убавина на тропската природа. Постојат милиони различни видови на инсекти на земјата, но повеќето од нив остануваат да бидат неоткриени “– вели Андреас.

Поддржете ја нашата работа: