Стероидите влијаат на меморијата

Научниците проценуваат дека околу 38% од билдерите користат стеориди. Затоа, д-р Том Хефернан од одделот за психологија сакал да испита дали големите дози на стероиди може да влијаат на секојдневната меморија. Тој оценил речиси 100 мажи на возраст 18-30 години кои редовно оделе во теретана, од кои половината користеле стероиди, а другата половина не.

Резултатите покажале дека оние кои користеле стероиди имале дефицит на меморија (потенцијална и ретроспективна), како и дефицит на ментална извршна функција (когнитивни процеси кои му помагаат на поединецот да обрне внимание, да ги координира информациите и да планира и извршува задачи).

Корисниците на стероиди заборавале (39% повеќе од оние кои не користеле стеориди) да направат нешто што планирале да го направат во иднина, како на пр. да платат сметка или да се напијат апче во одредено време. Исто така, повеќе заборавале (28%) кога се присетувале на спомени од минатото или податоци од минатото (ретреспективна меморија).

Генерално, ризиците поврзани со долготрајната употреба на стероиди се добро документирани, но малку се знаеше за секојдневните последици од нивната употреба. Нашите наоди укажуваат дека долготрајната употреба на стероиди значително влијае врз секојдневната меморија, како и способноста за паметење. Ова може да влијае на сите сфери од животот, истакнуваат научниците.

Истражувањето е објавено во „The Open Psychiatry Journal“.

Поддржете ја нашата работа: