Стивен Хокинг предупредува: Човештвото ќе се самоуништи во следните 100 години

Стивен Хокинг предупредува дека човештвото се соочува со опасност од самоуништување во текот на следните 100 години, со оглед на брзиот напредок на науката и технологијата.

Во изјавата за „BBC“, Хокинг вели дека иако напредокот е добар, тој создава „нови начини на кои работите би можеле да тргнат наопаку“. Особено ја нагласува нуклеарната војна, глобалното затоплување и генетски создадените вируси како потенцијални предвесници на пропаста.

Ова не е прв пат Хокинг да предупредува за самопредизвикана катастрофа. Во 2014 година, тој велеше дека вештачката интелигенција би можела да стави крај на човечката раса.

Хокинг истакнува дека во крајна линија е оптимист и дека верува дека можеме да ги надминеме проблемите со кои човештвото ќе се соочи. Но, доколку се случи најлошото, еден начин на кој можеме да обезбедиме опстанок на човечкиот род е да направиме колонија на друга планета, како што е Марс. Но, тоа веројатно нема да стане реалност во следниов век, што значи дека следните 100 години се најопасни за човештвото.

shutterstock_297150701

„Иако шансите за катастрофа на Земјата во одредена година се мали, како што поминува времето се зголемуваат и речиси со сигурност може да се каже дека во следните илјада или десет илјади години ќе и дојде крајот. Со оглед на тоа што нема да формираме колонии во вселената за најмалку 100 години, треба да бидеме многу внимателни во овој период“, вели Хокинг.

Во секој случај, ова е славно време за животот на научниците, особено теоретските физичари како него, со безброј нови откритија во исчекување.

Поддржете ја нашата работа: