Сто милијарди кафеави џуџиња можеби се кријат во Млечниот Пат

СПОДЕЛИ

Постојат толку многу нешта во нашата галаксија кои не можеме да ги видиме: неутрина, темна материја, црни дупки. Знаеме дека се таму, но не можеме да ги видиме. Според најновите истражувања, многу е веројатно дека сме пропуштиле уште 100 милијарди кафеави џуџиња.

Меѓународен тим на истражувачи беше во потрага по кафеави џуџиња – екстремно бледи ѕвездени објекти кои не успеале да се формираат во ѕвезди. Потрагата беше фокусирана на ѕвездениот регион NGC 1333, сместен на 1000 светлински години од нас. Изненадувачкото откритие вели дека дека половина од објектите се ѕвезди, а половина кафени џуџиња, што е навистина повеќе од очекуваното.

Истражувањето, презентирано на Националната Астрономска Средба во Англија, не застана тука. Горенаведениот регион е само еден од планираните цели на астрономите после неочекуваното откритие. Друг регион е ѕвезденото јато RCW 38, во рамките на соѕвездието Едро (Vela) каде што е забележан истиот сооднос на кафеави џуџиња со ѕвезди. RCW 38 во суштина е доста различен од NGC 1333.

Има многу повеќе масивни ѕвезди, а исто така е и доста подалеку од нас, на оддачеленост од околу 5.500 светлински години. Тимот го користеше Многу Големиот Телескоп (Very Large Telescope) за да ги издвои доста темните џуџиња од светлите ѕвезди.

„Пронајдовме многу кафени џуџиња во овој тип на ѕвездени јата. И без разлика на видот на јатото, фреквенцијата на бројот на џуџиња е доста голема.“ – изјави Алекс Шолц, член на тимот при универзитетот Св.Ендрјус. „Џуџињата се формираат заедно со ѕвездите во јатата, па според ова постојат уште многу џуџиња таму горе.“

Исто така, според статистичката проценка базирана на овие два објекти, во нашата галаксија би требало да посотјат помеѓу 25 и 100 милијарди кафеави џуџиња.

Кафеавите џуџиња се врската која недостигаше помеѓу објектите, средна фаза помеѓу ѕвездите и џиновските гасовити планети. Воглавно се составени од водород, но не се доволно тешки за да започнат процес на нуклеарна фузија во јадрото, што значи дека не успеваат да станат ѕвезди. Научниците оваа година конечно успеаја да постават некои ограничувања кај овие објекти – имено, ако објектот е полесен 70 пати од масата на Јупитер и поладен од 1.300 Целзиусови степени, се смета за кафеаво џуџе.

Извор: astronomija.mk

Во соработка со:

Дискусија

Коментари