Стратегии кои ќе ни помогнат да го избегнеме вечерниот оброк

Повеќето луѓе кои се трудат да изгубат телесна тежина, се борат да престанат да јадат доцна во ноќта. Мал дел од луѓето ги јадат главните три оброци, наместо тоа, прескокнуваат оброци, не доручкуваат, јадат на брзина било што, и често грицкаат во текот на целиот ден.

Јадењето доцна навечер е голем проблем. Студиите покажуваат дека нашето тело кај секој различно ја вари храната во различен период од денот. Јадењето касно навечер е поврзано со дебелината, зголемени воспаленија и зголемен ризик од срцеви заболувања и дијабетес.

Добра вест е дека јадењето доцна авечер е навика која секој може да ја промени. Еве неколку стратегии и совети од експерти објавени во списанието The Washington Post.

1. Не прескокнувајте ги оброците. Доручек, ручек, вечера

Ако не јадеме доволно во текот на денот, создаваме услови за да ни се јаде доцна навечер. Тоа избегнете го на секој начин и дајте си на себе шанса за успех со јадење редовни оброци и мали меѓуоброци во текот на денот, планирајќи ги и подготвувајќи ги однапред за да не ви се поремети работниот ритам.

Може еден од оброците да го замените со нешто помалку храна. Идејата е да се пронајде начин кој за вас е прифатлив, и нема да се случи да внесувате нездрави продукти во вашиот организам.

2. Одредете време кога ќе престанете со јадење

За многу луѓе кои се на диета или кои се обидуваат да се хранат правилно, од голема помош е да се одреди време навечер кога повеќе нема да јадат. За повеќето тоа е терминот помеѓу 19 и 21 часот, но вие одберете време кое вас ви одговара, зависно од тоа кога одите на спиење, бидејќи идеално е времето барем 3 часа пред спиење да не внесувате храна. Таквата стратегија ви дава време да вечерате, а 3 часа не е временски период за да се почувствувате гладни и имате потреба од дополнителен внес на храна.

3. Почекајте и проценете

Ако почувствувате потреба за храна доцна навечер, наместо импулсивно да отворите фрижидер, почекајте 15 минути. Преиспитајте се како се чувствувате и дали сте навистина гладни или можете да најдете друг начин да бидете задоволни.

4. Планирајте мал вечерен оброк

Ако секогаш се случува после вечерата доцна навечер да огладните, планирајте лесен оброк после вечерата пред спиење. На пример вечерајте полесна храна, а подоцна земете овошје или јогурт, чинија супа и слично.

5. Поставете некои основни правила

Кога седнувате пред телевизор, прекинете го нездравиот обичај од земање грицки. Ако одлучите дека нешто ќе јадете, ставете во чинија само дел од храна, а тргнете го остатокот настрана и не се враќајте по втора порција. Нека стане јасно дека мора да ги контролирате порциите.

Поддржете ја нашата работа: