Стресот на работа може да ве убие

Работата е втор најчест извор на стрес кај возрасните, веднаш зад парите, според анкетата на Американската психолошка асоцијација. 60% од возрасните велат дека нивните работни места се значаен или многу значаен извор на стрес, а експертите велат дека стресот на работното место ни влијае различно од другите форми на стрес.

„Ние имаме поголема контрола врз семејниот стрес од оној на работа”, вели психотерапевтот Брајан Робинсон, автор на книгата „Оковани за биро. Прирачник за работохоличари, нивните партнери и деца и за лекарите кои ги третираат”.

Полесно е да му кажете „не“ на вашиот сопружник или дете отколку на вашиот шеф, но се’ уште може да поставите граници на работа. Доколку не поставите граници или кога работодавачот не ги почитува, последиците може да бидат опасни за вашето здравје.

Стресот на работното место и кумулативните здравствени ефекти

На краток рок, долгото работно време и оптеретеноста може да доведат до нездрав начин на живот, како што е прескокнување на оброк или жртвување на сонот.

Во едно истражување од Центарот за монетарни и финансиски студии, анализирани се француските работници пред и по законот во Франција за намалување на максималната дозволена работна недела од 39 на 35 часа. Истражувачите открија дека оние дополнителни четири часа неделно ја зголемуваат веројатноста од пушење, консумирање на алкохол и недостаток на редовно вежбање. Овие три здравствени навики се познати фактори на ризик за сериозни долгорочни болести, најмногу срцеви заболувања.

Работниот стрес, исто така, е поврзан со хипертензија, дебелина, па дури и депресија. Кој било од овие фактори го прави животот потежок, па дури може да го зголеми ризикот од смрт. Едно истражување објавено во март во списанието „Management Science“ ги анализирало ефектите на 10 извори на стрес на работното место. Сите од нив влијаеле за зголемување на трошоците за здравствена заштита меѓу работниците, а многу од нив го зголемувале ризикот од смрт. Според истражувачите, стресорите на работното место, кои се поврзани со кардиоваскуларни болести и осиромашено ментално здравје, се одговорни за повеќе смртни случаи годишно од дијабетес, Алцхајмер или грип.

Барања наспроти ресурси

Многу пати, стресот на работното место е прашање на перцепција. „Две лица можат да бидат во иста работна средина и да имаат различни перцепции за природата и барањата наметнати врз нив”, вели Кристофер Мекарти, професор по психологија и експерт за стрес на Универзитетот на Тексас, Остин.

Еден начин за управување со стресот е баланс помеѓу ресурсите и барањата. Средствата, вештините и материјалните ресурси треба да ги исполнат барањата на работа и во животот. Кога нашето справување со ресурсите е неадекватно или кога ние ги доживуваме како такви, се бориме да ги задоволиме барањата, што резултира со стрес.

Другата насока е кога вашите ресурси ги надминуваат вашите потреби (на пример, ако имате работа која не ви предизвик), лесно може да почувствувате негативен стрес. Чинот на балансирање бара внимателна анализа на сопствената перцепција.

Механизми за справување

Ако вашата само-анализа открива дека навистина сте преморени и барањата на вашата работа се едноставно премногу, разговарајте со вашите надредени. Бидете искрени, особено ако вашето здравје страда како резултат на стрес на работното место. Но, иако можете да побарате намалување на обемот на работа, или да побарате неколку слободни денови, често едноставно треба да се помирите со нештата такви какви што се. Во овие случаи, останува на вас да се изборите со стресот.

Потеклото на стресот на работното место зависи од флексибилноста. Пронајдете ја вашата внатрешна флексибилна зона.

Со елиминирање на блокадите, како што се песимизам или тенденција често да се жалите за вашите проблеми, Робинсон вели дека можете да управувате подобро со протисокот и да не дозволите вашиот стрес влијае на оние околу вас.

Робинсон, исто така, препорачува кратки паузи за медитација, прошетка или ручек надвор од канцеларијата. Не се врзувајте за бирото.

Кога ќе дојдете со здраво тело, ум и дух на работа, успехот е неминовен и покрај лошите услови или прекувремените работни часови.

Поддржете ја нашата работа: