Водечкиот интернет портал за наука во Р.Македонија енаука.мк го контактираше водечкиот светски експерт д-р Шимон Вдовински (Dr. Shimon Wdowinski) кој ја застапува теоријата за можната поврзаност помеѓу големите врнежи и земјотресите и се надеваме дека неговата анализа на состојбата ќе даде барем мал допринос кон одговор на прашањата што не засегаат сите.

Д-р Шимон Вдовински е професор на интернационалниот универзитет Флорида и е автор на повеќе меѓународни трудови.

Професоре дали сметате дека постои поврзаност на поплавата што го погоди Скопје есента 1962 со земјотресот од летото 1963?

Да, во секој случај тоа е интересна обсервација, мојата теорија за тоа дека поројните дождови може да бидат причина за земјотреси се однесува само на планинските региони на конвергенција на тектонски средини, каде две тектонски плочи се судираат.

Македонија се наоѓа баш во таква средина на конвергенција и како што можам да забележам епицентарот се наоѓа во релативно планинско подрачје.

Затоа е многу голема веројатноста да поплавата и ерозијата може да довеле до стрес во земјината кора предизвикувајќи катастрофален земјотрес.


Дали сметате дека е можно да се повтори земјотресот од 1963?

Веројатноста дека истата аномалија или неправилност во земјината кора што го предизвикала земјотресот во 1963 да биде можна причина за нов сериозен земјотрес е многу мала.

Колкава е веројатноста Македонија да биде повторно мета на земјотрес од овој калибар?

Според моите сознанија, повторувањето на голем земјотрес со слична јачина на тој од 1963 за регионот во кој се наоѓа и Македонија би се очекувал во интервали од неколку стотици години.

Меѓутоа бидејќи самото подрачје е такво и е дел од еден сложен систем на сегменти, можно е да постојат сегменти со слични аномалии и неправилности кои можат да се возбудат под дејство на стрес затоа потресите што сега ги чувствувате можно е да се дел од тој ист систем.

  • Почитувани читатели доколку теоријата на д-р Шимон Вдовински е точна, а притоа гледајќи ги снимките и размерите од поплавата во 1962 сметам дека една од олеснителните околности е таа дека количината на вода и површините кои беа под дејство на скорешната поплава што го зафати регионот на Стајковци се многу помали од оние во 1962 (кога се излила реката Вардар кај мостот во Маџари) што аналогно на тоа би требало да предизвикаат и многу помали ерозивни процеси и притисоци.tectonic_plates
  • Меѓутоа што има во земјината кора никој не може да предвиди и можеме само да се надеваме дека со овие мали потреси земјата ќе си го најде својот пат и сегментите ќе си дојдат на свое место што може да не спаси во некое друго време.

Автор: Влатко Стефаноски

Повелете на дискусија на фејсбук групата Поплави и Земјотреси.

 

Поддржете ја нашата работа: