Свежа салата од вселената

Вселенската градина со микрогравитација, со прекар „Veggie“ (зеленчук), ги произведе своите први марули минатата година, но тие не беа за јадење, туку беа замрзнати и испратени на Земјата за анализа, каде што научниците требаше да се осигураат дека се безбедни за јадење.

Научниците откриле дека микробите на марулите од вселената се многу слични на оние на марулите на Земјата, само без патогени или други загадувачи. „Би рекле дури и дека се почисти од оние што би ги купиле од продавница“, велат истражувачите од НАСА кои учествува во проектот.

Овој пат, откако марулите ќе пораснат, астронаутите ќе можат да ги вкусат откако претходно ќе ги исчистат со марамчиња за дезинфекција. Половината од нив повторно ќе се испратат на Земјата за понатамошни анализи.

 

Проектот „Veggie“ ќе ни помогне да научиме како да растеме свеж зеленчук за екипажот на идните вселенски мисии. Следните експерименти ќе вклучуваат и други видови на зеленчук.

Зелената салата била избрана како прва култура што ќе се одгледува во вселената делумно поради нејзината издржливот, природно ниското ниво на микроорганизми и високото ниво на антиоксиданти, како и поради вкусот што најчесто им се допаѓа на луѓето.


Поддржете ја нашата работа: