Тајван го забрани кучешкото и мачешкото месо

Тајван е првата азиска земја на чии трпези ќе биде забрането кучешкото и мачешко месо.

Убивањето на мачки и кучиња, продажбата и потрошувачката на ваквото месо од вчера е забрането во Тајван. Се поставува прашањето, дали тоа ќе покрене слични законодавни решенија кај неговите соседи каде што сеуште не е така.

Ова е добра вест за сите љубители на кучиња и мачки во Тајван, а и за борците за животински права од целиот свет. Тајван уште во 1998 иницираше на законодавно делување во овој смер, но црниот пазар, неконтролирано го продава наведеното месо. Има доста да и се заблагодари на на претседателката Тсаи Инг-Вен, која за кампањите се претставувала како голем обожавател на животни. Покрај тоа што чува две мачки, вдомила уште и три кучиња.

За оние кои ќе го прекршат законот, предвидени се строги и тешки затворски казни во траење до две години, со можност за излез со превисока кауција. Во усвоените законски измени, забрането е и да се врзуваат животни за возила во движење.

Како воопшто дошло до ова? Постепено кај луѓето, кои мачките и кучињата ги гледале како пријатели, се менувала свеста, а сигурно не одмогнале ни масовните иницијативи, активисти и борци за животни. Од целата далекуисточна традиција за конзумирање на ваквото месо, најкритизиран е секако познатиот јужно-кинески фестивал на кучешко месо, каде секоја година се одржува со времетраење од 10 дена и се убиваат дури 10.000 кучиња.

Едно е традиција, но праксата е сосема нешто друго, барем како што покажуваат истражувањата. Иако е проценето дека во Азија годишно се убива околу 30 милиони кучиња, се покажа дека поголемиот број на Кинези, не јадат кучешко месо. Слично е и во Јужна Кореја, особено помеѓу младите лица.

Поддржете ја нашата работа: