Тасманискиот ѓавол брзо развива отпорност на заразна форма на рак

Во текот на последниве 20 години, речиси 80% од популацијата на уникатниот австралиски тасманиски ѓавол беше збришана, благодарение на заразна форма на рак на лицето за која не постои ефикасен третман.

За прв пат откриен во 1996 година, ракот на лицето кај тасманиските ѓаволи е еден од вкупно трите форми на пренослив рак кои се забележани надвор од лабораторија. Веќе е раширен на 95% од Тасманија, на речиси сите познати популации на тасманискиот ѓавол. Најлошиот дел не е тоа што има 100 процентна стапка на смртност, или што предизвикува крвави тумори и отворени рани на лицето и вратот на животните, поради кои се гушат или не можат да јадат, туку тоа што многу лесно се пренесува – преку касање или допирање со устата, што воедно е примарниот начин на комуникација помеѓу овие животни.

Според моделите на научниците, оние популации на тасманиски ѓаволи кои веќе долго време се инфицирани досега требало да бидат изумрени, но некои од нив се’ уште опстојуваат. Поради тоа Ендрју Сторфер од Државниот универзитетот во Вашингтон се посомневал дека овие популации може да еволуирале до одреден степен на отпорност на болеста.

face-bitingТака тој заедно со своите колеги ги споредил примероците на ткиво на 294 тасманиски ѓаволи од три популации во Австралија, пред, за време на и после инфекцијата, и откриле одредени генетски промени кои се чини дека ги штитат поединките од инфекцијата.

Со други зборови, кај овие единки се развила отпорност на ракот за само две децении.

Истражувачите велат дека ваквиот брз еволуционарен одговор на ваков прилично нов, но високо смртоносен патоген досега не е документиран кај дивите видови на животни и може да објасни како тасманиските ѓаволи успеале толку долго да преживеат толку смртоносна и заразна болест.

Ова неверојатно откритие ни дава надеж дека овие уникатни животни сепак би можеле да ја преживеат епидемијата.

tas-dev_1024Следниот чекор на научниците е да продолжат со анализата на гените за да ја одредат нивната точна улога, па потоа да ја разгледаат можноста за селективно парење на отпорните единки за да се зајакне остатокот од популацијата.

Сето ова може да ни овозможи и увид во повторната појава на рак кај луѓето, како и различните реакции на рак кај луѓето.

Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.

Поддржете ја нашата работа: