Технологии на иднината што ќе го променат светот

Угледното списание  „MIT Technology Review“  во својот традиционален годишен преглед издвојува 10  најважни технологии кои во следните години ќе го променат нашето секојдневие.

Генска терапија 2.0

Американката Кала Лукс во јануари 2015 година родила близнаци – Ливи и Колтон, но три месеци подоцна на Ливи му била дијагностицирана тешка комбинирана имунодефициенција (severe combined immune deficiency- SCID). Децата со ова заболување имаат толку нарушен имунолошки систем што можат да живеат единствено  во стерилни услови во затворен балон, кој ги штити од потенцијално смртоносните инфекции.

Како една од можностите им била понудена експериментална генска терапија во Детската болница во Бостон. Две години после терапијата Ливи е здраво дете, па дури е и повисок  од својот брат близнак.

Генската терапија, која за прв пат е применета во 1990 година, најавена е како револуција во медицината која ќе доведе до излекувањена многу генетски заболувања, па дури и на ракот.

Поедноставено, со генската терапија се заменува дефектниот ген со здрав. При тоа, здравиот ген се внесува со помош на ретровируси кои се модифицирани да не можат да предизвикаат болест. Ваков пристап не е без опасности, бидејќи имунолошкиот систем на пациентот може да реагира на внесувањето на вирусот, понекогаш и со потенцијално смртоносна имунолошка реакција.

Сѐ до неодамна на ова поле имаше повеќе разочарувања од успеси. Во 1999 година сите натамошни обиди беа стопирани, поради смртта на едно 18-годишно момче во текот на едно клинико тестирање.

За среќа, во последните години се решени основните проблеми поврзани со генската терапија и во тек се клинички експерименти за 40 до 50 болести, наведува „MIT Technology Review“.

Меѓу 10-те нови ветувачки технологии  „MIT Technology Review“  ги наведува и оние кои во следните 10 до 15 години ќе им овозможат на луѓето со повреди на ‘рбетниот столб да ја повратат контролата над своите екстремитети. Се истакнува дека тим од невронаучници под водство на др. Георг Кортин од Швајцарската политехничка школа во Лозана (EPFL), развиле невропротеза со која кај парализиран нечовеколик мајмун му била вратена контрола над парализираната нога. Оваа невропротеза служи како мост помеѓу мозокот и долниот дел од рбетниот столб, со што се премостува повредата.

Атлас на човечките клетки

Се работи за извонреден технолошки потфат, чија цел е мапирање и опис на секоја клетка во човековото тело, со што би се направил голем атлас кој би можел да го преобрази разбирањето на човечкиот раст и развој на болестите.

Технолошкиот развој доведе до тоа научниците да можат да издвојат поединечки клетки од различни ткива и органи, да ги анализираат нивните својста и потоа да опишат кои молекули се создаваат во нив. Со цел да се мапираат сите 37,2 милијарди клетки во човековото тело, нучниците од  САД, Велика Британија, Шведска, Израел, Холандија и Јапонија се здружиле во меѓународен конзорциум.

Атласот ќе биде достапен за целиот свет, а научниците се надеваат дека ќе придонесе да се подобри разбирањето на многу болести, вклучучително и на невродегенеративните болести и на ракот.

Face ++

Меѓу револуционерните технологии „MIT Technology Review“  го вбројува и „плаќањето со помош на лицето“ која е развиена од кинеската стартап компанија  „Face ++“, како средство за контрола, но и за практична примена.

Оваа технологија веќе се користи во неколку популарни апликации. На пример, со користење на лицето може да се изврши трансфер на пари преку  „Alipay“- мобилна апликација за плаќање што ја користат повеќе од 120 милиони луѓе во Кина, потоа „Didi“, кинеската верзија на Убер, користи Face ++, за да им овозможи потврда на патниците дека возачот е легитимна личност.

Останатите технологии кои ги наведува „MIT Technology Review“ се:

Автономни камиони: камиони вез возач ќе бидат достапни за пет до 10 години.

Практични квантни компјутери: Компјутери со извонредна можност кои ќе бидат достапни за четири до пет години.

Селфи 360 степени: Eвтини камери кои отвараат нова ера во фотографијата, дастапни се веќе и денес.

Врели соларни келии: Новите соларни системи би можеле да создаваат евтина енергија во следните 10 до 15 години.

Поддржано учење: Машините сами учат как одобро да ги извршуваат задачите, елиминирајќи ја на тој начин потребата од програмер.

Ботнет: Мрежа од компјутери често под контрола на еден сервер, во кој се вметнати автоматизирани програми за остварување на одредени задачи.

Поддржете ја нашата работа: