„Tesla“ ќе произведува соларни кровови

Компaнијата на Илон Маск ,  „ SolarCity“, што неодамна беше купена од  страна на „Tesla“ ќе развива мали соларни панели што ќе бидат замена за  крововите.

Спојувањето на „Tesla“ и „ SolarCity“, беше финализирано на почетокот на овој месец , кога „Tesla“ и исплати на соларната компанија околу 2,6 милијарди долари.

Маск ги претстави плановите за изградба на „соларен кров“  во кој ќе биде интегрирана технолигијата на теслините батерии.

Кај сегашните соларни покриви ,  панелиите се поставуваат  врз постоечкиот покрив.Наместо ова , Маск предлага замена на старите кровни плочи со нови кои истовремено ќе генерираат  соларна енергија.

Илон Маск вели дека има голем пазар за овие соларни кровови.„Кога животниот век на кровот ќе истече , секако ќе мора да го замените со нов.Само во САД има 5 милиони нови кровови годишно.Зошто да не ставите соларен кров кога е тој  многу подобар“- вели тој.

Соларните кровови ќе се произведуваат во новата фабрика на „SolarCity“ , во Бафало , Њујорк.

Нема најави кога овие кровови ќе се појават на пазарот , а сѐ уште нема ни информации за цената и останатите детали. Сепак , Маск истакнува дека кога ќе бидат претставени соларните кровови „луѓето ќе бидат навистина возбудени од она што ќе го видат“

Поддржете ја нашата работа: