Тест за детектирање на коњско месо

За само десет минути, техничарите можат да  утврдат дали некое парче сурово месо е коњско или говедско . Методот, неодамна беше испробан во индустриски амбиент со  водечкиот обработувач на месо. Во моментов, се  надградува од страна на тим на научници за да може да тестира и други видови месо, вклучувајќи свинско и јагнешко.

Скандалот од 2013 година беше поттикнат од откривањето на коњско  месо во голем број на говедски хамбургери. Наскоро, коњското месо беше откриено во други месни производи, што доведе до загуба од милиони фунти во вредност на храна која се повлече од пазарот.

Кризата го става потенцијалното производство на месо во незавидна позиција. Можни се последици за јавното здравје и забележан е недостиг на методи за анализа. Во моментов, се фаворизира метод на тестирање на видовите месо кој се потпира на ДНК, односно споредувањето на генетскиот состав на месото според изворот од животното , но тој е релативно бавен, скап и склон кон контаминација ако не се користи внимателно.

Како одговор на тоа, научниците развиле еден нов метод кој користи сосема поинаков пристап. Клучната технологија е „Пулсар”, НМР спектрометар со висока резолуција. НМР спектроскопија е  високо почитувана аналитичка техника која  се користи во хемиските лаборатории ширум светот. Сепак, конвенционалните инструменти се големи и скапи, се потпираат на супер-оладени магнети и потребен е високо обучен персонал  за да ги користи. Новиот Пулсар се базира на постојани магнети и леснотија за оперирање.

За еден тест да биде  корисен како алатка треба да биде брз и евтин. Со оваа цел во умот, тимот откри дека доколку се стави околу еден грам месо во растворувач, по неколку минути се добиваат податоци  врз основа на кои Пулсарот пресметува дали се работи за говедско или коњско. Исто така, бил развиен и софтвер за пресметување на спектралните податоци.

Oвој метод на тестирање е важен за разликување на месото кое има слични компоненти и треба да се вклучи во клучните точки во синџирот на снабдување, велат трговците и произведувачите.

Поддржете ја нашата работа: