Ткаенина која истовремено грее и лади

Температурата надвор се повеќе опаѓа, а луѓето купуваат повеќе топла облека која чини доста пари – познато нели? Една нова ткаенина би можела да го реши овој вообичаен проблем. Едната страна од оваа ткаенина ве загрева, а другата лади. Доколку од овој необичен материјал се направи облека која има две лица, краткото свртување од другата страна на облеката ќе биде се што би ви било потребно за да се чувствувате удобно.

Според неодамнешниот труд, објавен во списанието Science Advances, 40 – 60% од загубата на топлина од човековото тело доаѓа во облик на инфрацрвено зрачење со бранова должина од измеѓу 7 и 14 микрометри. Веќе знаеме за обичните ткаенини, обложени со метални наночестички кои го одразуваат најголемиот дел од ова зрачење, што ја прави облеката потопла.

Од друга страна нанопорозниот полиетилен (nanoPE) ја блокира видливата светлина, но е проѕирен на бранови должини кои се важни за топлината на телото. Сепак, како што е наведено во самиот труд: “Сѐ уште постои голем предизвик да се дизајнира текстил кој ќе ги извршува функциите на ладење и греење”.

Сепак тоа е токму она што авторите тврдат дека го направиле. Тие вградиле слој од бакарни нано-жици обложени од едната страна со јаглен во внатрешноста на текстилот на nanoPE. Јаглеродна страна на овој двоен слој лесно зрачи топлина додека бакарот го задржува. NanoPE исто така се разредува на бакарната страна.

Кога материјалот е поставен така што бакарот е завртен кон кожата, топлината лесно поминува низ nanoPE до двонасочниот емитер каде што зрачи во околината. Кога ќе се заврти материјалот погустиот nanoPE задржува повеќе топлина и помалку е веројатно дека она што доаѓа до емитерот ќе избега.

Кога научниците сместиле слој од вештачка кожа на 31°C во внатрешноста на комората од 22ºC, традиционалната текстура ја загреала кожата до 36.9ºC. Во режим на ладење, материјалот успеал да ја задржи температурата на кожата на 33.8ºC, но кога бил префрлен на загревање, температурата се качила на 40.3ºC.

Како резултат на се тоа, некој кој ќе има облека само од овој материјал би можел да биде удобен без потреба да го вклучи греењето или климата, при температури од 13,9°C до 24,3 °C, што е многу подобро како опција од нашите класични навики. Единствено нешто што треба да го направите, е да ја  превртите облеката однопаку кога ќе се промени температурата. Во некој затворен простор, вакво нешто во голема мера штеди електрична енергија.

Авторите нагласуваат дека nanoPE е тешко заменлив и потенцијално може да се користи како облека за специфични временски услови.

Поддржете ја нашата работа: