Топ 10 научни мистерии на 21 век


Има уште многу мистерии што останува да се решат во 21-от век,  а има само уште 80-ттина години тоа да се заврши. Ќе издвоиме десет.

10. Како настанал животот?

Се чини дека ова не е многу тешко да се реши, па сепак се’ уште е мистерија. Постојат многу шпекулации, често поврзани со способноста на РНК да делува и како катализатор и како био-хард диск за да ја зачува информацијата. И новите наоди повторно се навраќаат на тоа дека основните градежни блокови на животот можно е да се создале во примoрдијалните услови, или да пристигнале на Земјaта од вселената.

9. Што претставува црната материја?

Има повеќе од осумдесет години откако астрономите забележаа дека има повеќе гравитација што ги влече работите во вселената, отколку видлива материја способна да создаде такви ефекти. Обидите да се откријат наводно егзотичните (значи непознати) видови на субатомски честички одговорни за оваа екстра гравитација беа фрустрирачки. Наодите од еден експеримент беа побиени од друг експеримент. Некое парче од загаткате се’ уште недостасува.

8. Каква е природата на црната енергија која ги раководи космичките забрзувања?

Ако мислите дека црната материја е фрустрирачка, обидете се да ја објасните црната енергија. Нешто ја движи вселената постојано да се зголемува. Физичарите сметаат дека тоа е непроменливата густина на енергијата што се наоѓа во целиот простор, а се однесува на космичката константа на Ајнштајн. Но, кога ќе се пресмета колку силна треба да биде космичката константа, одговорот е многу голема – многу поголема од големината на целиот универзум споредено со протонот. И така, идентитетот на црната енергија останува и понатака мистерија; Ако е тоа космичка константа, тогаш нешто друго е многу погрешно од она што физичарите мислат дека го знаат.

7. Како да се измерат доказите?

Ова е толку мистериозно, што некои научници дури не ни знаат дека е мистерија. Еден мал пример: Ако правите некој експеримент и добиете статистички значаен резултат, а потоа го повторите и  повторно добиете статистички значаен резултат, ќе сметате дека имате подобар доказ, отколку ако сте го направиле експериментот само еднаш. Но, ако нивото на значајност е нешто помало вториот пат, обединетата „П вредност“ (P value) ќе биде помалку импресивна после вториот експеримент, иако доказите се сметаат за посилни – и ете збрка!

6. Гените , ракот и среќата

Можеби сте го прочитале неодамнешното истражување кое вели дека причина за повеќето канцери е „лошата среќа“. Следуваше „бура“ од реакции што се базираа главно на верувањето  дека ваквото истражување мора да е погрешно бидејќи „праќа погрешна порака“ до јавноста. Докажувањето на нелогичноста на овој силогизам треба да биде оставено како вежба за читателите. Останатите реакции покажуваат дека експертите не се сложуваат за тоа како случајната мутација (лошата среќа) , споредено со наследството (грешката од родителите), плус, начинот на живот (вашата грешка) и лошата животна средина (нечија туѓа грешка) е причина за појавата на рак. Да се среди сето ова и да се решат останатите мистерии во врска со ракот, треба да претставува врвен приоритет за научниците во 21-ви век.

5. Постои ли уште една димензија во просторот?

Многу физичари веруваат дека се потребни повеќе од трите основни димензии за да може физиката да го објасни универзумот. Клучот за разбирање на ова прашање е математиката на „Calabi-Yau manifolds“, простор кој може да се превитка во безброј различни правци за да ја спречи детекцијата на која било дополнителна димензија. Тоа прави да е навистина тешко да се утврди која од тие безброј димензии кореспондира со универзумот во кој живееме.

4. Каква е природата на времето?

Толку многу мистерии, а толку малку време во кое треба да се решат – освен ако решавањето на оваа не открие некој паметен трик за „играње“ со времето. Која е природата на траењето и текот на времето? Дали е тоа илузија или „реалност“ на некој недофатлив начин? А што е со правецот на времето – дали секогаш оди напред? Зошто? Можно ли е патување низ времето, или дали барем пораките можат да бидат испратени назад во времето? Веројатно најголема мистерија е дали овие прашања за времето се поврзани или се комплетно одвоени.

3. Квантна гравитација

Квантната физика и општата релативност (или Ајнштајновата теорија за гравитацијата), се чини дека го опишуваат универзумот и неговите компоненти со огромна працизност, а сепак изгледаат сосема некомпатибилни една со друга. Обидите да се комбинираат двете во една кохерентна обединета теорија не се многу  успешни. Во 1930 година, Ајнштајн се обиде да ја побие квантната механика (особено принципот на неодреденост на Хајзенберг) сугерирајќи дека часовник ставен во кутија што виси, може да ги  мери и масата на фотонот и точното време што ќе „избега“ од кутијата. Но, Нилс Бор покажа дека времето на часовникот ќе биде неточно, бидејќи како што се движи кутијата напред во гравитационото поле, Ајнштајновиот релативитет бара и промена во времето, за точно онолку колку што „бара“ Хајзенберговиот принцип. Па, ќе се запрашате, како принципот на неодреденост знае за овој ефект на општата релативност? Можеби ако експертите го постават прашањето на тој начин, ќе успеат да ја откријат и мистеријата на квантната гравитација.

2.  Постои ли интелигентен живот и на друго место?

Ова се чини многу веројатно, со оглед на тоа колку други светови (освен нашиот) постојат. Но, за да се потврди тоа со сигурност, потребно е да се добие конкретна порака. Проектот, како тој на  Институтот „SETI“, веќе подолго време бара такви пораки, но за сега безуспешно. Постојат барем две причини за тоа. Првата е дека нема пораки (можеби затоа што вонзамјаните процениле дека контактирањето со луѓето би било лоша стратегија). Втората е дека пораките се тука, но дека никој не знае како да ги детектира и да ги препознае.

1. Значењето на квантната испреплетеност

Квантната испреплетеност е факт на природата што е експериментално потврден. Сугерира дека времето и просторот не се ограничени од квантните феномени на начин како кај обичните човечки активности. Неколку истражувања укажуваат дека просторот, времето и гравитацијата се дел од широка квантна мрежна испреплетеност. Сите квантни мистерии остануваат недоволно разјаснети. Но, ако се реши оваа, веројатно ќе „потклекнат“ и останатите.

Поддржете ја нашата работа: