Три алтернативни начини за хигиена на рацете без употреба на антибактериски сапуни

908
СПОДЕЛИ

Управата за храна и лекови на САД издаде забрана за состојки што се користат во „антибактериските“ сапуни за раце и тело, меѓу кои и триклосан и триклокарбон, што ќе стапи на сила во септември 2017 година. Забраната во Минесота ќе стапи на сила многу порано, веќе од 1-ви јануари.

Ви претставуваме три начини за одржување на хигиената на рацете, како алтернатива за антибактериските сапуни. Не заборавајте дека секогаш може да се потпрете на „добриот стар“ сапун и вода, но запомнете дека треба рацете да ги миете барем 20 секунди.

Антисептични средства за раце на база на алкохол

Центарот за контрола и превенција на болестите на САД препорачува користење на антисептични средства за раце на база на алкохол, доколку сапунот и водата не ви се достапни. Истражувањата покажале дека безводените антисептици, со концентрација на алкохол помеѓу 60 и 95 проценти се многу поефикасни во уништувањето на микробите од оние со пониска концентрација.

Антисептиците не се ефикасни доколку на рацете се присутни видливи траги од органски материи – како кал, храна или други материи. Покрај тоа, овие безводени средства  убиваат повеќе микроорганизми кога се нанесуваат со триење.

Етерични масла

Природна верзија на антисептиците за раце може да направите дома со помош на етерични масла и да ги избегнете јаките хемикалии.

„DIY Natural“ предлага кобинација на органски состојки како масло од лаванда, масло од чајно дрво, хамамелис, чист алое вера гел и витамин Е масло.

Користење само на вода

Здравствените работници тврдат дека миењето раце со сапун и миењето само со вода го имаат речиси истиот ефект. Како што пишува „Big Think“, со енергичното триење на рацете со вода, практично се отстранува истата количина на микроорганизми како и со сапунот.

Во извештајот од едно истражување од 2011 година, објавено во  „PLOS Medicine“, се вели: „Во домаќинствата каде храната се припремала без да се мијат рацете, децата добиле дијареа во 12,5 проценти при месечните проценки, во споредба со 8,9 проценти во домаќинствата каде тој што ја спрема храната ја мие само едната рака со вода и само 6,9 проценти каде двете раце биле измиени само со вода“.

Дискусија

Коментари