Трипофобијата сепак не е фобија?

СПОДЕЛИ

Околу 16% од населението во светот се соочуваат со појава која се вика трипофобија. Дали сте еден од нив? Сметате дека трипофобијата е ирационален страв од дупшки и шуплини? – Научниците денес сепак после долгите дискусии и истражувања, потврдија дека на оваа појава не може да се пристапи како кон фобија, и не ја признаваат како таква, а за тоа имаат добра причина.

Минатата година беше објавен труд во кој двајца научници од Универзитетот Есекс во Велика Британија сеуште не беа сигурни дали овој ирационален страв има некаква психолошка основа. Сега, научниците од Универзитетот Emory се тука за да ги потврдат нивните сомневања. Причината е затоа што оваа појава е сепак рационална и потекнува од гадење, а не од страв.

Овие научници започнале да ја истражуваат реакцијата на страв во однос на многу дупки. Истражувањето е објавено во списанието PeerJ.

Тие откриле дека пупиларниот одговор (ненамерно движење на зеницата) бил поблиску до пупиларниот одговор поради гадење, а не поради страв. Но, тука не станува збор само за тоа.

“Некои луѓе стануваат многу вознемирени поради оваа појава”, вели Стела Лоренцо, психолог од Универзитетот Емори, чија лабораторија ја спроведе оваа студија: “Феноменот, кој веројатно има еволутивна основа, можеби е почест отколку што го досега сме знаеле”.

Претходното истражување од 2013та година заклучи дека одговорот може да се однесува на пегавите примероци од опасни животни, како на пример змии. Но, во јануари минатата година беше истакнато едно друго објаснување.

Научниците од Универзитетот во Кент, велеа дека примероците со дупки, како оние кои се наоѓаат на пчелното саќе, предизвикуваат аверзија бидејќи наликуваат на паразитарни инфестации, заразни болести и распаѓање на ткиво.

Најновите резултати од студиите со сличен карактер најверојатно нема да им помогнат на лицата кај кои се појавува ваквиот феномен да се чувствуваат подобро, но можат да им помогнат за да сфатат дека визуелната обработка може да резултира интензивни реакции кои можеби потекнуваат од стравот.

Дискусија

Коментари