„Центар за климатски промени“ – Гевгелија на ООУ „Петар Мусев“ од Богданци му додели опрема за селектирање и собирање отпад

  Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот

ЗГ „Центар за климатски промени – Гевгелија на ООУ „Петар Мусев“ од Богданци му додели опрема за селектирање и собирање отпад. Опремата е доделена во рамките на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Бугарија, прв повик 2014TC16I5CB006-2015-1.

Со оваа опрема училиштето ќе може полесно да го селектира отпадот од хартија, стакло, пластика, отпадна електрична електронска опрема (ОЕЕО), и отпадни батерии. Со стапчињата за собирање на отпад училиштето ќе може да организира акции за расчистување на школскиот двор и околината и со тоа успешно да се грижи за животната средина. Во рамките на овој настан се одржа и презентација за едукација за правилна употреба на опремата односно за правилна селекција. Со доделувањето на опремата ќе се зголеми свеста и знаење на младите генерации за правилната селекција на отпадот, намалување на количеството на отпад и негово рециклирање.

   

Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија

Оваа публикација е остварена со помош на Европската Унија. За содржината на оваа публикација одговорност носи исклучиво ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија и не може во никој случај да го одразува ставот на Европската Унија.

Поддржете ја нашата работа: