Туризам со дрон – изнајмете дрон и „прошетајте“

Секоја година, стотици илјади туристи ја посетуваат Долината на Храмовите, грчки урнатини кои се наоѓаат на југо-западниот брег на Сицилија. Но, наскоро може да бидете во можност да а погледнете оваа историска локација од дрон.

Хелмут Хлавакс на Универзитетот во Виена има развиено систем кој им овозможува на луѓето да контролираат беспилотно летало кое наместо нив ќе ги посетува далечните места. Туристот би си седел удобно сместен дома, носејќи очила за виртуелна реалност. Со движење на главата, директно ги контролира камерите на дронот во сите правци, добивајќи детален поглед.

„На овој начин можете да добиете многу добар впечаток на локалитетот, работи што не би можеле да ги забележите шетајќи низ урнатините”, вели Антонио Џентил, основач на археолошката апликација „InformAmuse“ и еден од истражувачите во тимот на Хлавакс.

Досега системот е тестиран на локално ниво, во отворено поле и на тесни улици. Се планира за изработка на софтвер за работа на долги растојанија. Доколу има премногу растојание помеѓу беспилотното летало и очилата, носителите најверојатно ќе почувствуваат вртоглавица и гадење. Неговиот најнов напредок беше претставен минатата година на работилницата за дронови во Фиренца, Италија.

Хлавакс верува дека беспилотните летала може да послужат како евтина, ниско стресна, еколошка форма на туризам. Тој проценува дека набрзо ќе излезе првата верзија за масовно користење.

Уште еден голем аспект на ова е инклузивноста – за луѓето кои не можат да си дозволат да патуваат, луѓето со посебни потреби, или луѓето кои поради некоја причина не се во можност да посетат одредени локации.

Беспилотните летала се веќе на пат кон туризмот. Видеа од страна на беспилотни летала во далечни места како Монголија, Мексико, Чернобил се популарни на интернет.

Сепак, постојат практични детали на кои треба да се поработи. Летањето на беспилотни летала во преполни области може да биде опасно: минатата година едно летало падна и повреди тркач во текот на Австралискиот триатлон. Додавањето на сигурен систем за паѓање и заштита на роторот може да спречат несреќи од ваков карактер.

Хлавакс исто така, смета дека туристичките локалитети може да им овозможат на беспилотните летала да летаат само кога нема реални посетители. И тогаш постојат регулаторни прашања со кои се соочуваат беспилотните летала во целина, па треба да се утврди кои од туристичките места и локалитети се отворени за соработка со технологијата.

Поддржете ја нашата работа: