Величествени бунари кои опстојуваат и после илјада години

На само неколку минути од Њу Делхи, непознат дури и за локалното население се наоѓа бунар во кој може да се спуштите пo скали.

Бунарот Аграсен ки Баоли (Agrasen ki baoli) бил изграден во 14-тиот век како уникатно архитентонско решение за недостатокот на вода.

Ова не е единствената ваква градба во Индија – се проценува дека ги има околу 3.000. Бунарите се многу длабоки, па на жителите им обезбедувале залихи од вода за цела година, а скалите кои се симнуваат дури до 30 метри им го олеснувале пристапот.

Секојдневно се користеле до пред стотина година.Тогашните британски владетели ги прогласиле за нехигиенски и некои од нив ги затрупале со кал и ги запечатиле. Оние кои „преживеале“ денес претставуваат туристичка атракција.

Се смета дека најстариот бунар е направен во 7-тиот век, но дека поголемиот број се изградени после 10-тиот век. Биле градени на јавни места во градовите, но и на важните трговски рути и биле отворени за јавноста.

Со еден од бунарите – Адалај ни вав, (Adalaj ni vav,) во близина на градот Ахмедабад, се врзува интересна легедна за една несреќна љубов. Кога во 1499 година исламскиот владетел Мохамед Бегда ја покорил областа и го убил кралот Veer Sinh, се заљубил во неговата вдовица и ја запросил. Таа се согласила под услов тој да го доврши бунарот што го започнал нејзиниот убиен сопруг. Бегда го завршил, а кралицата се удавила во него.

Поддржете ја нашата работа: