Велика Британија ќе тестира нова технологија за напојување на електрични возила

Тестирањето на технологијата која е потребна за напојување на електричните и хибридните возила на главните патишта во Англија треба да започне кон крајот на оваа година. Ова е прво тестирање од ваков вид кое ќе овозможи да се утврди безбедноста и ефикасноста на оваа технологија која би им овозможила на електричните возила да патуваат на големи растојанија без потреба да застануваат за да ја наполнат батеријата на возилото.

Автомобилите ќе бидат опремени со безжична технологија и потоа ќе се возат по патишта под кои е инсталирана специјална опрема за генерирање на електромагнетни полиња. Тестирањата ќе траат 18 месеци пред да се донесе конечна одлука и проектот да се пренесе на јавните патишта.

2420f

Со ова тестирање ќе заврши физибилити студијата на „Highways England“ за технологијата на динамичен безжичен пренос на енергија. Оваа технологија ќе овозможи да се создаде одржлива патна мрежа во Англија и да се отворат нови можности за бизниси и транспорт на стока низ целата земја.

Поддржете ја нашата работа: