Велика Британија воведува данок за шеќер во соковите

Велика Британија наскоро ќе воведе данок за производителите на засладени безалкохолни пијалоци врз основа на нивото на шеќер во нивните пијалоци.

Британскиот канцелар Џорџ Озборн објави дека данокот ќе се однесува директно на индустријата за безалкохолни пијалоци и се очекува да го зголеми буџетот за 530 милиони фунти (или повеќе од 745 милиони американски долари).

Озборн вели дека поттикот за овој данок е дебелината кај децата. Експертите предвидуваат дека повеќе од 50% од момчињата и 70% од девојчињата може да имаат прекумерна тежина во рамките на една генерација.

wFBMweYДанокот ќе започне да важи за две години (во 2017 година), со што на компаниите им се овозможува одреден период за да ги прилагодат своите рецепти и да го намалат количеството на шеќер во своите пијалоци.

Велика Британија не е единствената земја која презема мерки за да поттикне намалена потрошувачка на засладени, пред се’ газирани пијалоци. Насекаде низ светот владите размислуваат за слични закони кои се застрашувачки за некои од најголемите имиња во прехранбената индустрија.

Така на пример, во јануари 2014 година во Мексико беше воведен 10% данок на засладените пијалоци што резултирало со намалување на продажбата на тие пијалоци за 12%. Иако критичарите велат дека оваа промена не е доволна за да влијае на здравјето на потрошувачите, во секој случај таа влијае на индустријата и компаниите за газирани пијалоци кои со сигурност не се задоволни од овие напори да се намали конзумацијата на засладени пијалоци.

Glass of cola beside glass with sugar cubes

Засега, гигантите се обидуваат да надоместат за изгубените продажби правејќи две работи: убедувајќи ги потрошувачите дека засладените сокови се добри за пиење и инвестирајќи и во нешто друго освен традиционалните засладени пијалоци, како на пример здрави пијалоци, органски производи и слично.

Поддржете ја нашата работа: