Вештачки острови што ќе произведуваат струја

Огромен вештачки остров ќе се гради на „Dogger Bank“ во Северниото море кој ќе има сопствен аеродром и пристаниште.

Овој остров ви требало во иднина да служи како контролен центар на едно големо подрачје каде ќе бидат изградени ветерни турбини и соларни панели.

Како што пишува  „Independent“,  германскиот и холандски гигант „Тенет“, наскоро ќе потпише договот со данската компанија „Енерџинет“ за изградба на островот, како и на ветерните турбини и солрни панели.

Се претпоставува дека целиот проект би можел да произведе електрична енергија за потребите на 80 милиони луѓе. Енергијата произведена на овие острови би требало да се пренесува со подводни кабли до Велика Британија, Холандија, Германија, Данска и Белгија.

„Можеби звучи како научна фантастика, но остров во Северното море би можел значително да ги намали трошоците за производство на ветерна енергија“– вели техничкиот директор на Енерџинет.

На островот би требало да бидат стационирани персоналот, компонентите и работилниците, со што значително би се олеснила сложената логистика за пренесување на средствата на море, се вели во извештајот на Енерџинет.

Овој амбициозен проект е поддржан од Европската Унија, преку високиот комесар за енергетика.

„Dogger Bank“ е избран заради идеалната локација, бидејќи се наоѓа во релативно плитки води и има оптимални ветрови.

 

Поддржете ја нашата работа: