(ВИДЕО) Што вели науката за женските гради?

Градите се едни од неколкуте органи кај човекот кои не се целосно развиени од раѓање. И мажите и жените се раѓаат со брадавици и млечни жлезди, но само кај жените се зголемуваат за време на пубертетот и тоа е уникатна карактеристика само кај човекот. Нашето потомство речиси целосно зависи од женските гради и додека кај повеќето цицачи се зголемуваат само за време на доењето, ние сме единствениот вид на планетава што има постојано отечени млечни жлезди. Зошто е тоа така?

Последната епизода на „AsapSCIENCE“ ни објаснува зошто градите се најдоброто нешто кај човекот… еволуциски гледано.

Градите доаѓаат во различни форми и големини, и покрај тоа што некои истражувања откриле поврзаност помеѓу телесната тежина и големината на градите, гените исто така играат клучна улога во нивниот изглед. Зачудувачки, кај околу 50% од населението едната града е помала од другата, и тоа најчесто е левата.

Ареолите се прекриени со мали испакнатини кои се наречени ареоларни жлезди. Овие жлезди имаат важна функција да лачат масла за брадавицата постојано да биде намачкана, а можеби и вкусна за бебињата додека се хранат. Исто така, тие не се хранат само од една дупка, туку целата брадавица е покриена со мали дупки низ кои млекото може да тече, а човечкото око не може да ги види.

Многу култури низ светот се опседнати со овие интересни органи. Во 2014 година, само во Америка биле направени 300 илјади операции за зголемување на градите. Не е тешко да се види зошто луѓето толку многу ги привлекуваат – тие се извор на големо задоволство и кај мажите и кај жените. Истражувањата покажале дека стимулацијата на брадавиците ја зголемува сексуалната возбуда кај 82% од жени и 52% од мажите. Погледнете го видеото!

Поддржете ја нашата работа: