Во најпродаваната книга од седумдесетите „Како да живееш долго и да се чувствуваш подобро” – Лајнус Полинг, добитник на Нобелова награда за хемија, тврди дека суплементите кои содржат витамин Ц можат да излечат настинка.

Полинг дневно козумирал до 18.000 милиграми витамин Ц, што е 50 пати повеќе од препорачаната доза. Во второто издание на книгата, на листа на болести кои се излечливи со помош на витамин Ц, тој го додава и грипот, а кога во 1980-тите години во САД започнува да се шири, ја додава дури и СИДА-та.

Неговите идеи се појавуваат во списанието „Time“ под наслов „Правата моќ на витамините”, во која лечењето на кардиоваскуларните болести се препишува на истите, меѓу кои и лечењето на катаракта и тумор. Се разбира, по објавувањето на статијата продажбата на витамините и другите додатоци во исхраната драматично пораснала, како и неговата слава. Сепак неговиот академски углед заминал во друга насока.

Неговата теорија се базира на претпоставката дека витаминот Ц е антиоксиданс, вид молекули под кој спаѓа и витаминот Е, бета-каротенот и фолната киселина, чија корист произлегува од фактот дека ги неутрализира високо реактивните молекули на слободните радикали.

Набргу откако слободните радикали биле поврзани со стареење и болести, перципирани се како непријатели кои треба да бидат искоренети.

На пример, на лабораториските глувци им се препишани дополнителни антиоксиданси директно во исхраната или со инјекција, некои глувци се дури и генетски модифицирани, со цел гените кои кодираат одредени антиоксиданси да станат поактивни од оние во немодификувани лабораториски глувци.

Иако постојат различни методи, резултатите воглавно се исти – вишокот на антиоксиданси не го успорува стареењето, ниту запира појава на болести.

„Никогаш не е докажано дека витамините го продолжуваат или скратуваат животниот век“, вели Антонио Енрикез од шпанскиот Национален центар за кардиоваскуларни истражувања во Мадрид.

Што е со испитувањето на човечки суштества? Прво е потребно да се најде група на луѓе со слична возраст, место на живеење и начин на живот.

Потоа, да се поделат во две групи. Една половина треба да примаат додаток што се тестира, а друга да добива плацебо. Трето и пресудно, со што би се избегнала ненамерна пристрасност, тој што добил подготовка останува тајна до крајот на тестот.

Од 1970-тите, голем број на тестови се обидуваат да ја откријат врската на антиоксидансите со здравјето на луѓето и опстанокот. Резултатите се далеку од охрабрувачки. Во 1994 година, едно истражување го следело животот на 29.133 Финци со просечна возраст од 50 години.

Сите биле пушачи, но само неколку добиле додаток на бета-каротен. Во рамките на групата која добивала додаток во исхраната, инциденцата за рак на белите дробови се зголемила за 16%.

Сличен резултат е пронајден кај жените во пост-менопауза во САД. По 10 години секојдневен внес на фолна киселина (различни витамини Б) ризикот од рак на дојка се зголемил за 20% во споредба со жените кои не користеле додаток во исхраната.

Една студија на повеќе од 1.000 пушачи објавена во 1996 која е прекината речиси две години порано, дава податоци дека по само четири години дополнување на бета-каротен и витамин А, се забележало зголемување на стапката на рак на белите дробови за 17% и зголемување на смртните случаи за 28%.

Во текот на четиригодишното истражување, има 80 смртни случаи. Како што авторите во тоа време пишувале, „Овие резултати им даваат основа на луѓето да ја намалат употребата на суплементи и комбинацијата од бета-каротен и витамин А”.

ФАТАЛНА ИДЕЈА

Се разбира, постојат студии кои посочуваат на бенефиции од користењето на антиоксиданси, особено кога испитаниците немаат пристап до здрава храна.

Според едно истражување од 2012 година што посочува на заклучоци од 27 клинички студии кои ја оценувале ефикасноста на различни антиоксиданси, доказите не зборуваат во прилог на антиоксидансите.

Само седум студии заклучиле дека потрошувачката на антиоксидантни суплементи носи здравствени придобивки, вклучувајќи и намалување на ризикот од коронарна срцева болест и тумори на панкреасот.

Десет студии не покажале никаква корист. Останатите 10 студии заклучиле дека испитаниците после режимот од внес на суплементи и антиоксиданси биле во видливо полоша состојба, вклучувајќи и зголемување на инциденцата на болести како што се ракот на белите дробови и рак на дојка.

„Идејата дека суплементациските антиоксиданси се чудотворен лек е целосно непотребна”, вели Енрикез. Една студија објавена во 2007 година, од страна на американскиот Национален институт за рак, покажала дека мажите кои користат мултивитамини два пати дневно е поверојатно да умрат од рак на простата во споредба со оние кои не користат.

Слична студија од 2011 година на 35.533 здрави мажи покажа дека дополнувањето со витамин Е и селен го зголемува ризикот од рак на простата за 17%.

РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ

Антиоксидансите имаат негативна страна. Со растот на докази дека слободните радикали се важни за нашето здравје, се мисли и дека нивната добра страна не е секогаш корисна. Ние знаеме дека слободните радикали често се користат како молекуларни гласници кои ги пренесуваат сигналите од една ќелија во друга.

Во оваа улога, се покажало дека оксидансите се моделираат кога клетките растат, кога се делат на два дела, и кога ќе умрат. Во секоја фаза од животот на клетките, слободните радикали се од витално значење. Без нив, клетките би продолжиле да растат и да се делат неконтролирано.

Без слободни радикали, ние би биле повеќе склони кон инфекции. Организмот под стрес од несаканите бактерии или вируси природно произведува слободни радикали во голем број, кои потоа делуваат на имунолошкиот систем. Во внатрешноста на клетките го прават она по што се најпознати: оштетуваат и убиваат. Натрапникот е разделен.

Здравиот имунолошки одговор зависи од слободните радикали кои се во нас. Генетичарите Жоа Педро дел Магалис и Џорџ Черч, во извештајот од 2006 година изјавиле: „На ист начин на кој луѓето се научиле да користат оган , кој е опасен, така и клетките развиваат механизми за контрола и употреба на слободни радикали“.

За среќа, на телото има системи кои се обидуваат да одржат стабилна внатрешна биохемија. За антиоксидансите, тоа обично вклучува филтрирање на вишокот крв во урината. Нашите тела се прилагодени на ризиците од кислородот, уште од времето на првите микроби, кои го користеле токму овој токсичен гас – кислородот.

Никој не би негирал дека витаминот Ц е од суштинско значење за здрав начин на живот, како и сите антиоксиданси, но ако го следите налогот на лекарот, овие додатоци ретко би биле одговор за подолг живот кога постои можност за здрава исхрана.

„Најдобра опција е антиоксидансите да ги внесуваме преку храната, затоа што таа содржи мешавина на антиоксиданси кои делуваат заедно. Исхраната богата со овошје и зеленчук, генерално, се покажа како најдобра”, вели Лејн.

По неколку децении на дешифрирање на биохемијата на слободните радикали и антиоксидансите, стотици илјади волонтери и милиони фунти потрошени на клинички испитувања, најдобар заклучок кој науката на 21 век може да го понуди е прилично едноставен – да се јаде пет пати на ден.

Поддржете ја нашата работа: