Влијанието на смртта врз животот

Научниците веќе одамна знаат дека свеста за смртта и стравот што го предизвикува влијаат на донесувањето на одлуки. Прашањето е како?

Сега, социјалните психолози Шелдон Соломон, Џеф Гринберг и Том Пузински имаат некои одговори. Во книгата „The Worm at the Core“, тие тврдат дека смртта не мотивира во речиси сè што правиме – од копнежи по бесмртноста па се’ до политичкото гласање. Доколку правото на глас ви звучи чудно, авторите цитираат еден експеримент во кој се оценуваат намерите на субјектите во периодот до изборите во САД во 2004 година. Кога тие биле потсетени на смрт (силно поврзано со Џорџ Буш по 9/11 и Ирак), субјектите биле со поголема веројатност да гласаат за Буш отколку за сенаторот Џон Кери. Ништо чудно, тогашната егзистенцијална криза на поединецот ја обликува културата и движечките мотиви.

Лицата кои се секојдневно во допир со смртта велат дека боите, мирисите, звуците и текстурите се многу полоши од санираната верзија на смрт со која ние сме запознаени.

Во таквите случаи, често се јавува хуморот, механизам на одбрана кој психолозите како да го подзабораваат.

Книгата „The Worm at the Core“ се занимава со емоциите. Авторите тврдат дека нашите чувства на себе-вредност автоматски не штитат од морбидни мисли, но кога потсетниците за нашата смртност пенетрираат, жестоко градиме штит околу нашите ставови за светот. Ова може да објасни зошто терористички напади може да предизвикаат изливи на патриотизам и ксенофобија.

Делото е збир на околу 500  различни истражувања со цел да се објасни историјата на човештвото и смртта.

Тезите се различни. Ние денес генерално знаеме помалку отколку пред 150 години.

Соломон, Гринберг и Пузински се залагаат да го објаснат справувањето со смртта низ општествена призма. Свесноста дека сме смртни, иако застрашувачка, може да ни даде чувство на возвишеност и да ни влее храброст, сочувство и грижа за идните генерации.

Од друга страна пак, има истражувачи кои не се согласуваат. Нивниот аргумент е дека прифаќањето на смртта не значи дека нема да бидете уништени кога некој  близок умира. Прифаќањето значи дека ќе бидете во можност да се фокусирате на вашата тага, необременети со поголеми егзистенцијални прашања … Смртта не ви се случува на вас. Смртта ни се случува на сите нас.

Поддржете ја нашата работа: