Внесот на масти во организмот ја промовира појавата на метастази и ширењето на ракот

Дека внесот на масти во организмот ја промовира појавата на метастази и ширење на ракот е заклучок на тимови од два институти од Барселона, објавен во научното списание „Nature“.

Глувците кои биле хранети со масти како што е палмитинската киселина, што е честа појава во човечката исхрана, добиле најагресивна форма на метастази.

При тоа, како клучен Фактор е изолираниот молекул „CD36“, но во процесот на метастазирање пронајдена е и “Ахилова пета” процес кој може да послужи при натамошните истражувања на ракот.

Механизмот за започнување на процесот на метастазирање е клуч, кој треба да се истражува со што ќе се развие ефикасна терапија против секундарните карциноми.

Многу неканцерогени клетки се програмирани да се самоуништуваат ако го напуштат ткивото кое формира.

Научниците, предводени од Салвадор Азнар Бенита најпрво требало да идентифицираат клетки на орален тумор, кои имаат способност за ширење по организмот, за потоа да дојдат до заклучок дека клетките користат масти за да се движат.

Некои од тие клетки имаат високо ниво на „CD36“ молекули, кои им помагаат да ги врзуваат мастите од својата околина – потенцијалниот извор на енергија.

После тоа, Бенита и неговиот тим покажале дека високото ниво на „CD36“ молекули е навистина потребно за метастазирање на оралниот тумор кај глувците.

Анти-телата кои ги блокирале овие тумори, односно нивната интеракција со масните киселини, воедно кај глувците целосно ги спречиле метастазите, иако немале никаков ефект кај примарниот тумор.

Анализирајќи ја јавната база на податоци, потврдиле дека високото ниво на „CD36“ молекули било во корелација со полошите резултати кај луѓето кои страдаат од рак на мочниот меур, дојката, белите дробови и други видови на рак.

Тимот сега работи на развојот на антитела против „CD36“ молекулите, кој ќе користи во клиничките испитувања кај луѓето. Според нивното мислење ќе им треба барем четири години за да стигнат до таа фаза.

Бенита наведува дека таквата терапија би можела да користи и дури кога карциномот е веќе проширен. Резултатите од нивното истражување покажале дека експерименталните анти-тела искорениле 15 посто од метастазите, а останатите ги намалиле за 80 посто.

Тука станува збор за прилично важно откритие. Се надеваме дека пред да навршат четири години, научниците ќе имаат поконкретни резултати со што клиниките ќе имаат дополнително решение за метастазите.

Поддржете ја нашата работа: