Во кои земји бебињата најмногу плачат?

Научниците од Универзитетот Ворвик во Англија направиле едно истражување во кое ја проучувале количината на плач на бебиња за време на првите три месеци од нивниот живот, а податоците се собрани од целиот свет.

Лидерот на студијата, проф. Dieter Wolke од одделот за психологија, за прв пат направил универзални графикони кои го покажуваат траењето на нормалниот плач на бебињата во текот на првите три месеци.

Во студијата се вклучени 8.700 новороденчиња од целиот свет. Професорот пресметал колку долго во просек бебињата плачат во еден ден во различни средини.

Во просек бебињата плачат околу 2 часа на ден, во првите две недели, а најногу плачат на шест недели – два часа и 15 минути, а до дванаесеттата недела плачот се намалува на 1 час и 10 минути. Меѓутоа, постојат случаеви во кои некои бебиња плачат само 30 минути, а некои преку 5 часа во еден ден.

Резултатите од студијата покажале дека бебињата најмногу плачат во Холандија, Канада, Италија, а најмалку во Јапонија, Германија и Данска.

Познато е дека грчевите предизвикуваат плач, а од тоа најмногу патат бебињата од Холандија – околу 28% новороденчиња во првата и втората недела од нивниот живот, во Канада (34.1% ) и Италија (20.09%). Поради колики децата најмалку плачеле во Данска 5.5% во доба од 3-4 недели) и во Германија (6.7%).

Бидејќи здравствената заштита и структурата на семејствата се различни во многу култури, на модерните родители и здравствените работници им се потребни нови упатства за оценување на нормалниот плач кај новородените бебиња.

Проф. Wolke смета дека веќе постојат разлики во количината на плачот кај бебиња во првите недели од животот. Може многу да се научи со проучување на културите во кои плачот на бебињата е многу помал, за да се утврди што влијае на плачењето, родителството или некои други фактори врзани за бременоста или генетиката.

Поддржете ја нашата работа: