Во океаните има неограничено количество нуклеарно гориво

Познато е дека во окените се наоѓа ураниум, а сега научниците од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, сметаат дека открле начин да го екстрахираат ураниум што е растворен во океаните на брз, евтин и многу поефикасен начин.

Ураниумот во форма на изотоп U-235,е радиоактивниот елемент кој се користи за производство на електрична енергија. Во моментов постојат 450 нуклеарни централи, распоредени во 30 земји во светот, кои трошат над 60.000 тони ураниум годишно.

Ураниумот е често застапен во природата, но сегашниот начин на негово добивање подразбира создавање на рудници и дучење на карпи. Со новиот начина би можело да се дојде до многу повеќе ураниум за многу пократко време и без негативни ефекти врз животната околина.

Со оглед на тоа дека проценките од Меѓународната агенција за атомска енергија се дека производството на нуклеарна енергија ќе порасне за 68 проценти во следните 15 години, ова откритие би имало и големи ефекти врз намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид.

Концентрацијата на ураниум во океаните е всушност многу мала – еквивалнт на едно зрнце сол растворено во литар вода, но бидејќи океанското пространство е огромно во него има 4,5 милијарди тони ураниум растопен во вода. Тоа количество би можело да не снабдува со енергија неколку милениуми.

Сепак, за тоа е потребно доста работа, бидејќи на располагање имаме 1,37 милијарди кубни километри вода, за само три честички ураниум на милијарда честички вода.

Ураниумот во водата се јавува како позитевно наелектризиран јон бдејќи стапува во рекција со кислородот и таа форма се нарекува уранил кој може многу поедноставно да се одвои од водата.

Во една од постапките се користи соединение наречено амидоксим  што ги собира честичките на уранилот, а ги одбива останатите позитивно наелектризираните честици. Кога пластично влакно ќе се премачка со амидоксин и ќе се провлече низ морската вода на него останува ураниумот. После сатурацијата на влакното со уранил, потребно е да се испере со супстанца со која се отстранува уранилот, а потоа честичките се испраќаат на понатамошна обработка.

Но, ова не е многу исплатливо, па научниците направиле модификација на процесот.

Додавајќи амидоксим на пар јаглеродни електроди, научниците создале врзувачки слој низ кој може да пушти струја со мала снага и на тој го модифицирале влакното така што може да собере девет пати повеќе уранил пред влакното да се сатурира со јони. Покрај тоа, со оваа модификација три пати бил продолжен животниот век на обвивката од амидоксин, со што и трошоците дополнително се намалуваат.

Следниот чекор на научниците е да се намали снагата на електричната енергија, за да процесот биде уште поевтин.

Секако, сѐ уште останува прашањето околу изградбата на  нуклеарните централи. Сеќавањата на катастрофите во Чернобил и Фукушима сѐ уште се свежи, а последиците ги чувствуваме дури и денес. Но, на крајот сѐ се сведува на одлуката за помало зло-дали се исплати да се ризикува со разорни несреќи за човештвото и останатиот жив свет, за да ги намалиме емисиите на јаглерод диоксид за почиста и поздрава планета.

 

Поддржете ја нашата работа: