Вонредна состојба во Њу Делхи – воздухот е премногу токсичен

Индиската влада прогласи вонредна состојба, бидејќи загадувањето на воздухот во главниот град Њу Делхи достигна 16 пати поголемо ниво од безбедната граница.

Повеќе од 1.800 училишта се затворени во обид да се задржат децата во затворен простор, додека пак средната класа и иселениците започнаа да мигрираат надвор од градот.

„Загадувањето е зголемено до тој степен што Њу Делхи личи на гасна комора“- изјавува главниот министер – Арвинд Кеџривал.

Тоа можеби звучи екстремно, но градот се наоѓа во „црвената зона“ повеќе од една недела и работите всушност се влошуваат.

Станува збор за саѓи, чад и честички на прашина кои може да дојдат до вашите бели дробови и да предизвикаат долгорочни здравствени проблеми како астма и хронични респираторни болести – за кои Индија има највисока стапка на заболување во светот. Постојат дури и некои докази кои укажуваат на тоа дека металните честички во воздухот од согорувањето на горивото може да ја предизвикуваат Алцхајмеровата болест.

Погледнете ја разликата од само неколку месеци:

cwt7z2axaaazy9tcwt71-1xgaaxm9n

Па што вушност се случува?

Кеџривал сугерира на „голем обем“ на чад од соседните региони Пенџаб и Харајана од палењето на стрништата во земјоделските области.

Официјалните претставници исто така, ги обвинија и илјадниците огномети насекаде низ Њу Делхи за време на фестивалот-Дивали, кој започнува секоја година кон крајот на октомври. Овие огномети обично оставаат траги што траат два или три дена но, оваа година, поради смогот тие траат една недела.

Луѓето моментално протестираат за да се обидат да ги принудат локалните власти да ја преземат контролата на ситуацијата. Мерките досега вклучуваат ограничување на возилата на гратските патишта, како и повеќе еколошки процеси за земјоделците.

На 6 ноември градот изрече и привремена забрана за градење и рушење на згради и употреба на дизел-генератори на електрична енергија. Исто така се планира чистење на улиците во градот, и започна и распрскување на вода за сталожување на прашината.

Само времето ќе покаже дали некои од овие мерки ќе имаат ефект, а се надеваме дека наскоро ќе се појават и ветрови за да однесат дел од смогот.

Бидејќи зимата е при крај во овој град, работите би требало да станат малку полесни бидејќи истражувачите утврдуваат дека слабиот ветер и зголемувањето на греењето во домовите за време на зимата го прави загадувањето уште полошо.

Се надеваме дека ќе се најде решение за оваа ситуација во Њу Делхи- и тоа брзо, за децата да можат да се вратат на училиште, и жителите во своите домови.

Поддржете ја нашата работа: